Слушалки Серија 7000 TAA7306 Прирачник за корисникот Регистрирајте го вашиот производ и добијте поддршка на www.philips.
Содржина 1 Важни безбедносни упатства 2 2 Вашите Bluetooth безжични слушалки 3 3 Почнете 5 4 Користете ги вашите слушалки 7 Безбедност на слухот Општи информации 2 2 Што има во кутијата 3 Други уреди 3 Преглед на вашите Bluetooth безжични слушалки 4 Наполнете ја батеријата 5 Спарете ги за прв пат слушалките со вашиот Bluetooth уред 5 Спарете ги слушалките со друг Bluetooth уред 6 Поврзете ги слушалките со вашиот Bluetooth уред Вклучување/исклучување на напојувањето Управувајте со вашите повици и м
1 Важни безбедносни упатства Безбедност на слухот Опасност За да го избегнете оштетувањето на слухот, ограничете го времето на користење на слушалките со висока јачина на звукот и поставете ја јачината на звукот на безбедно ниво. Колку што е погласен звукот, толку е пократко времето на безбедно слушање. Осигурете се дека ги почитувате следните упатства, кога ги користите вашите слушалки. • Слушајте со разумно ниво на јачина на звук, во текот на разумни временски периоди.
2 Вашите Bluetooth безжични слушалки Ви честитаме за купувањето и добредојдовте во Philips! За да имате целосна корист од поддршката што Philips ви ја нуди, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/support. Со овие Philips-ови безжични слушалки, можете: • да уживате во безжичните повици без употреба на раце; • да уживате и безжично да ја контролирате музиката; • да се префрлате помеѓу повиците и музиката.
Преглед на вашите Bluetooth безжични слушалки Микрофон LED индикатор (слушалка) Панел на допир Сензор за срцев ритам (HRM) (само од десната страна) LED за работа (кутија за полнење) LED индикатор ( кутија за полнење ) USB-C процеп за полнење Копче за ресетирање 4 MK
3 Почнете • • Процесот на полнење се потврдува со белата LED сијаличка на слушалките. Кога слушалките целосно ќе се наполнат, белата сијаличка ќе се изгаси. Наполнете ја батеријата Забелешка Пред да ги користите вашите слушалки за прв пат, ставете ги слушалките во кутијата за полнење и полнете ја батеријата во текот на 3 часа, заради оптимален капацитет и работен век на батеријата. Користете го само оригиналниот кабел за USB полнење, за да избегнете некакво оштетување.
Слушалките се сега во режим на спарување и се подготвени да се спарат со Bluetooth уред (на пример со мобилен телефон) Вклучете ја Bluetooth функцијата во вашиот Bluetooth уред. Функција на UV стерилизација Ставете ги слушалките во кутијата за полнење и затворете го капакот, LED-от за UV стерилизација ќе се вклучи по една минута. Спарете ги слушалките со вашиот Bluetooth уред. Погледнете во прирачникот за корисникот на вашиот Bluetooth уред.
4 Користете ги вашите слушалки Поврзете ги слушалките со вашиот Bluetooth уред Вклучување/исклучување на напојувањето Задача Работење Вклучете ги слушалките. Слушалката се вади од кутијата за полнење за да се вклучи напојувањето Исклучете ги слушалките. Слушалката се враќа во кутијата за полнење за да се исклучи напојувањето Вклучете ја Bluetooth функцијата во вашиот Bluetooth уред. Отворете го горниот капак на кутијата за полнење. Сината LED сијаличка трепка.
Задача Панел на Работење допир Повикување во три Десна/лева Допрете слушалка еднаш насоки Држете го тековниот повик и прифатете го дојдовниот повик Повикување во Десна/лева Притиснете и три насоки Држете слушалка држете 2 сек го тековниот повик и одбијте го дојдовниот повик Повикување во три Десна/лева Допрете два насоки Откажете го слушалка пати тековниот повик и прифатете дојдовен повик Повикување во три Десна/лева Допрете три насоки Држете го слушалка пати тековниот повик и префрлете се пред повикот Ко
Монитор за пулс Задача Панел на допир Работење Монитор за срцев ритам вклучен / исклучен Лева слушалка Допрете два пати Емитување на срцев ритам Лева слушалка Допрете еднаш 5 Ресетирајте ги слушалките на фабричките поставки Апликација за Philips слушалки Тековен ритам на срцето Највисок ритам на срцето Најнизок ритам на срцето Просечен ритам на срцето Забелешка Функцијата HRM ја поддржува апликација за Philips слушалки.
6 Технички податоци Слушалки Време на музика: 6 часа (дополнителни 18 часа со кутија за полнење) Време на зборување: 6 часа (дополнителни 18 часа со кутија за полнење) Време на подготвеност: 200 часа Време на полнење: 2 часа Литиум-јонска батерија на полнење: 105 mAh на секоја слушалка Bluetooth верзија: 5,0 Компатибилни Bluetooth профили: • HFP (профил без раце-HFP) • A2DP (напреден профил за аудио дистрибуција) • AVRCP (профил за аудио видео далечинска контрола) Поддржан аудио кодек: SBC, AAC Фреквенциск
7 Известување Декларација за сообразност Со ова, MMD Hong Kong Holding Limited изјавува дека овој производ е во согласност со суштинските барања и другите релевантни одредби од Директивата 2014/53/EU. Декларацијата за сообразност можете да ја најдете на www.p4c.philips.com. Отстранете ја интегрираната батерија Ако во вашата земја не постои систем за собирање/рециклирање на електронски производи, можете да ја заштитите животната средина со отстранување и рециклирање на батеријата пред фрлање на слушалките.
Усогласеност со EMF Овој производ е во согласност со сите применливи стандарди и одредби во врска со изложеноста на електромагнетни полиња. Информации за животната средина Сето непотребно пакување е изоставено. Се обидовме да го олесниме одвојувањето на пакувањето на три материјали: картон (кутија), полистиренска пена (тампон) и полиетилен (вреќички, заштитен лист од пена).
CAN ICES-3(B)/NMB-3(B) Изјава за изложеност на IC радијација: Оваа опрема е во согласност со Канадските граници на изложеност на зрачење, утврдени за неконтролирано опкружување. Овој предавател не смее да биде заедно лоциран или заедно да работи со некоја друга антена или предавател. 8 Трговски марки Bluetooth Bluetooth® знакот и логоата се регистрирани трговски марки во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секоја употреба на таквите ознаки од страна на MMD Hong Kong Holding Limited е под лиценца.
9 Најчесто поставувани прашања Моите Bluetooth слушалки не се вклучуваат. Нивото на батеријата е ниско. Наполнете ги вашите слушалки. Не можам да ги спарам моите Bluetooth слушалки со мојот Bluetooth уред. Bluetooth-от е оневозможен. Овозможете ја Bluetooth функцијата на вашиот Bluetooth уред и вклучете го Bluetooth уредот пред да ги вклучите слушалките. Спарувањето не работи. • Ставете ги двете слушалки во кутијата за полнење.
Ја слушам, но не можам да ја контролирам музиката на мојот Bluetooth уред (на пр. репродукција/пауза/прескокни напред/прескокни назад). Проверете дали Bluetooth аудио изворот поддржува AVRCP (погледнете во ,Технички податоци’ на страница 10). Нивото на јачината на звукот на слушалките е премногу ниско. Некои Bluetooth уреди не можат да го поврзат нивото на јачината на звукот со нивото на јачината на звукот од слушалките, преку синхронизацијата на јачината на звукот.
Philips и Philips Shield Emblem се трговски марки на Koninklijke Philips N.V. и се користат под лиценца. Овој производ бил произведен и се продава под одговорност на MMD Hong Kong Holding Limited или на една од неговите филијали и MMD Hong Kong Holding Limited е гарант во однос на овој производ. UM_TAA7306_00_MK_v1.