Слушалки 1000 Серија TAE1205 Прирачник за корисникот Регистрирајте го вашиот производ и добијте поддршка на www.philips.
Содржина 1 Важни безбедносни упатства 2 2 Вашите Bluetooth слушалки за во уши 3 3 Започнете 5 Безбедност на слухот Општи информации 2 2 Што има во кутијата 3 Други уреди 3 Преглед на вашите Bluetooth безжични 4 слушалки Наполнете ја батеријата Спарете ги слушалките со вашиот мобилен телефон 5 5 4 Користете ги вашите слушалки 6 5 Технички податоци 8 6 Известување 9 Поврзете ги слушалките со Bluetooth уред 6 Управувајте со вашите повици и музика 6 Декларација за сообразност Отстранување на в
1 Важни безбедносни упатства Безбедност на слухот Опасност За да го избегнете оштетувањето на слухот, ограничете го времето на користење на слушалките со висока јачина на звукот и поставете ја јачината на звукот на безбедно ниво. Колку што е погласен звукот, толку е пократко времето на безбедно слушање. Осигурете се дека ги почитувате следните упатства, кога ги користите вашите слушалки. • Слушајте со разумно ниво на јачина на звук, во текот на разумни временски периоди.
2 Вашите Bluetooth слушалки за во уши Ви честитаме за купувањето и добредојдовте во Philips! За да имате целосна корист од поддршката што Philips ви ја нуди, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome. Со овие Philips безжични слушалки за во уши, можете: • да уживате во безжичните повици без употреба на раце; • да уживате и безжично да ја контролирате музиката; • да се префрлате помеѓу повиците и музиката.
Преглед на вашите Bluetooth безжични слушалки Следна / зголемена јачина на звукот (Вклучено / исклучено /спарување) LED индикатор Прорез за полнење Претходна/намалена јачина на звукот MK
3 Почнете Наполнете ја батеријата Забелешка Пред да ги користите вашите слушалки за прв пат, полнете ја батеријата во текот на 2 часа, заради оптимален капацитет и работен век на батеријата. Користете го само оригиналниот USB кабел за полнење, за да избегнете некакво оштетување. Завршете го вашиот повик пред да го започнете полнењето на слушалките, затоа што поврзувањето на слушалките за полнење, ќе ги исклучи слушалките.
4 Користете ги вашите слушалки Поврзете ги слушалките со вашиот Bluetooth уред Вклучете го вашиот мобилен телефон/Bluetooth уред. Притиснете и задржете го копчето за вклучено/исклучено (>2с), за да ги вклучите слушалките. Слушалките автоматски повторно се поврзуваат со последниот поврзан уред. Ако последниот уред не е достапен, слушалките ќе се обидуваат повторно да се поврзат со вториот последно поврзан уред.
Резиме на LED индикаторот Статус на слушалките Индикатор Слушалките се поврзани со мобилниот телефон. Сината LED сијаличка трепка на секои 5 секунди. Слушалките се исклучуваат од мобилниот телефон Сината LED сијаличка трепка на секои 10 секунди. Слушалките се подготвени за спарување. LED сијаличката наизменично светка сино и бело. Ниско ниво на батерија. Белата LED сијаличка двојно трепка, Активирачот еднаш во 60 секунди.
5 Технички податоци Време на музика: 7 часа Време на зборување: 5 часа Време на подготвеност: 60 часа Нормално време за целосно полнење: 2 часа Батерија: Литиумско полимерска батерија на полнење (100 mAh) Bluetooth верзија: 5,1 Компатибилни Bluetooth профили: Bluetooth профил: HSP, HFP, A2DP, AVRCP Работен опсег: До 10 метри (33 стапки) Драјвер на звучникот: 8 mm Моќност на предавателот: < 10 dBm Одговор на фреквенција: 20 – 20kHz Д импенданса: 32 ohm Чувствителност: 108
6 Известување Декларација за сообразност Со ова, MMD Hong Kong Holding Limited изјавува дека овој производ е во согласност со суштинските барања и другите релевантни одредби од Директивата 2014/53/EU. Декларацијата за сообразност можете да ја најдете на www.p4c.philips.com. Отстранување на вашиот стар производ и батерија Вашиот производ е дизајниран и произведен со висококвалитетни материјали и компоненти, кои можат да се рециклираат и да бидат повторно искористени.
FCC изјава за изложеност на радијација: Известување за усогласеност Уредот е во согласност со FCC правилата, Дел 15. Работењето е предмет на следните два услова: 1. Овој уред може да не предизвика штетно мешање и 2. Овој уред мора да прифати било кои примени мешања, вклучително и мешањето што може да предизвика несакано работење. FCC правила Оваа опрема е тестирана и утврдено е дека е во согласност со ограничувањата за дигитален уред Класа Б, во согласност со дел 15 од FCC правилата.
7 Трговски марки Bluetooth Bluetooth® знакот и логоата се регистрирани трговски марки во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секоја употреба на таквите ознаки од страна на MMD Hong Kong Holding Limited е под лиценца. Останатите трговски марки и трговски имиња се оние кои им припаѓаат на нивните соодветни сопственици. Siri Siri е трговска марка на Apple Inc., регистрирана во САД и други земји.
8 Најчесто поставувани прашања Моите Bluetooth слушалки не се вклучуваат. Нивото на батеријата е ниско. Наполнете ги слушалките. Не можам да ги спарам моите Bluetooth слушалки со мојот Bluetooth уред. Bluetooth-от е оневозможен. Овозможете ја Bluetooth функцијата во вашиот Bluetooth уред и вклучете го Bluetooth уредот пред да ги вклучите слушалките. Квалитетот на звукот е слаб и можно е да се слушаат некои шумови. • Bluetooth уредот е надвор од опсегот.
Philips и Philips Shield Emblem се регистрирани трговски марки на Koninklijke Philips N.V. и се користат под лиценца. Овој производ бил произведен и се продава под одговорност на MMD Hong Kong Holding Limited или на една од неговите филијали и MMD Hong Kong Holding Limited е гарант во однос на овој производ. UM_TAE1205_00_MK_V1.