operation manual

8 Често
поставувани
прашања
Квалитетот на аудиото е слаб и може
да се слушне крцкава бучава.
Bluetooth-уредот е надвор од
опсегот. Намалете го растојанието
помеѓу Вашите слушалки и
Bluetooth-уредот или отстранете ги
пречките помеѓу нив.
Наполнете ги Вашите слушалки.
Квалитетот на аудиото е многу слаб
кога се емитува од мобилен телефон,
е многу бавно или емитувањето
воопшто не функционира.
Осигурете дека Вашиот мобилен
телефонот не само што поддржува
(моно) HFP, туку и дека поддржува
A2DP и е компатибилен со BT4.0x (или
повисоко) (погледнете во „Технички
податоци“ на страница 9).
Слушам музика, но не можам да ја
контролирам на мојот Bluetooth-уред
(на пример, пуштање/паузирање/
прескокнување напред/назад).
Осигурете дека изворот за аудио преку
Bluetooth поддржува AVRCP
(погледнете во „Технички податоци“
на страница 9).
Нивото на јачината на звукот на
слушалките е премногу ниско.
Некои Bluetooth-уреди не може да го
поврзат нивото на јачината на звукот
со слушалките преку синхронизирање
на јачината на звукот. Во овој случај,
треба одделно да ја прилагодите
јачината на звукот на Вашиот
Bluetooth-уред за да постигнете
соодветно ниво на јачината на звукот.
Не можам да ги поврзам слушалките
со друг уред, што да направам?
Осигурете дека функцијата за
Bluetooth на претходно спарениот
уред е исклучена.
Повторете ја постапката за
спарување на Вашиот втор уред
(погледнете во „Спарете ги
слушалките со Вашиот мобилен
телефон“ на страница 5).
За дополнителна поддршка,
посетете ја www.philips.com/support
Моите Bluetooth-слушалки не се
вклучуваат.
Нивото на батеријата е премногу
ниско. Наполнете ги слушалките.
Не можам да ги спарам моите
Bluetooth-слушалки со мојот
Bluetooth-уред.
Bluetooth е оневозможен. Овозможете
ја одликата за Bluetooth на Вашиот
Bluetooth-уред и вклучете го
Bluetooth-уредот пред да ги вклучите
слушалките.
Bluetooth-уредот не може да ги
пронајде слушалките.
Можеби слушалките се поврзани со
претходно спарен уред. Исклучете
го поврзаниот уред или поместете
го надвор од опсегот.
Спарувањето можеби е ресетирано
или слушалките биле претходно
спарени со друг уред. Повторно
спарете ги слушалките со
Bluetooth-уредот, како што е
опишано во прирачникот за
корисникот. (погледнете во
„Спарете ги слушалките со Вашиот
мобилен телефон“ на страница 5).
Моите Bluetooth-слушалки се
поврзани со Bluetooth-мобилен
телефон со овозможено стерео звук,
но музиката се репродуцира само од
звучникот на мобилниот телефон.
Повикајте се на прирачникот за
корисникот на Вашиот мобилен
телефон. Изберете да ја слушате
музиката преку слушалките.
МК 13