operation manual

MK
Далечинскиот управувач не работи
Пред да притиснете на било кое копче
за функција, прво изберете го
правилниот извор преку контролите на
далечинскиот управувач, наместо со
оние од главната единица.
Намалете го растојанието помеѓу
далечинскиот управувач и единицата.
Вметнете ги батериите со
поларитетите (+/- знаците) подредени
како што е наведено.
Заменете ја батеријата.
Насочете го далечинскиот управувач
директно на сензорот што се наоѓа на
предната страна на единицата.
Не е откриен диск
Вметнете диск.
Проверете дали дискот е наопаку
вметнат.
Почекајте да се исчисти
кондензацијата на влага на леќите.
Заменете или исчистете го дискот.
Користете финален CD или диск со
исправен формат.
Не можат да се прикажат некои
датотеки од USB уредот
Бројот на папки или датотеки во USB
уредот го надминал одреденото
ограничување. Овој феномен не
претставува некаков дефект.
Форматите на овие датотеки не се
поддржани.
USB уредот не е поддржан
USB уредот не е компатибилен со
единицата. Обидете се со друг.
Неквалитетен радио прием
Зголемете го растојанието помеѓу
единицата и вашиот ТВ или други
извори на зрачење.
Целосно истегнете ја радио антената.
Поврзете надворешна радио антена.
Можете да купите нов антенски кабел
со приклучок во форма на латинската
буква „L“ на едниот крај, како што е
подолу прикажано.
Поврзете го приклучокот во форма
на латинската буква „L“ со овој
производ и поставете го
приклучокот од другиот крај во
штекерот за антена на ѕидот.
Репродукцијата на музика е недостапна
на оваа единица, дури и по успешната
Bluetooth врска.
Уредот не може да се користи за
репродукција на музика преку оваа
единица, безжично.
Квалитетот на звукот е слаб, по
поврзувањето со уред со овозможен
Bluetooth.
Bluetooth приемот е слаб. Поместете го
уредот поблиску до оваа единица или
отстранете ги сите пречки помеѓу нив.
Bluetooth-от не може да се поврзе со
оваа единица.
Уредот не ги поддржува профилите
потребни за оваа единица.
Функцијата Bluetooth на уредот не е
овозможена. Погледнете во
прирачникот за користење на уредот, за
да дознаете како да ја овозможите
функцијата.
Оваа единица не е во режимот за
спарување.
Оваа единица е веќе поврзана со друг
уред со овозможен Bluetooth. Исклучете
го тој уред и обидете се повторно.
Спарениот мобилен уред постојано се
поврзува и исклучува.
Bluetooth приемот е слаб. Поместете го
уредот поблиску до оваа единица или
отстранете ги сите пречки помеѓу нив.
Некои мобилни телефони можат
постојано да се поврзуваат или
исклучуваат кога остварувате или
завршувате повици. Ова не означува
дека има дефект на единицата.