Во уво Серија 4000 TAPN402 Прирачник за корисникот Регистрирајте го вашиот производ и добијте поддршка на www.philips.
Содржина 1 Важни безбедносни упатства Безбедност на слухот Општи информации 2 Вашите Bluetooth слушалки за во уши Што има во кутијата Други уреди Преглед на вашите Bluetooth безжични слушалки 3 Почнете Наполнете ја батеријата Спарете ги слушалките со вашиот мобилен телефон 4 Користете ги вашите слушалки Поврзете ги слушалките со Bluetooth уред Управувајте со вашите повици и музика 2 2 2 3 3 3 4 5 5 5 6 6 6 5 Технички податоци 8 6 Известување 9 7 Трговски марки 11 Декларација за сообразнос
1 Важни безбедносни упатства Безбедност на слухот Опасност За да го избегнете оштетувањето на слухот, ограничете го времето на користење на слушалките со висока јачина на звукот и поставете ја јачината на звукот на безбедно ниво. Колку што е погласен звукот, толку е пократко времето на безбедно слушање. Осигурете се дека ги почитувате следните упатства, кога ги користите вашите слушалки. • Слушајте со разумно ниво на јачина на звук, во текот на разумни временски периоди.
2 Вашите Bluetooth слушалки за во уши Ви честитаме за купувањето и добредојдовте во Philips! За да имате целосна корист од поддршката што Philips ви ја нуди, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome. Со овие Philips безжични слушалки за во уши, можете: • да уживате во безжичните повици без употреба на раце; • да уживате и безжично да ја контролирате музиката; • да се префрлате помеѓу повиците и музиката.
Преглед на вашите Bluetooth безжични слушалки (вклучено / исклучено / спарување) Приклучен процеп за микро USB Копче за контрола на јачина на звук / песна LED индикатор Микрофон MK
3 Почнете Наполнете ја батеријата Забелешка Пред да ги користите вашите слушалки за прв пат, ставете ги слушалките во кутијата за полнење и полнете ја батеријата во текот на 2 часа, заради оптимален капацитет и работен век на батеријата. • Користете го само оригиналниот USB кабел за полнење, за да избегнете некакво оштетување. • Завршете го вашиот повик пред да го започнете полнењето на слушалките, затоа што поврзувањето на слушалките за полнење ќе ги исклучи слушалките.
4 Користете ги вашите слушалки Поврзете ги слушалките со вашиот Bluetooth уред Вклучете го вашиот мобилен телефон/ Bluetooth уред. Притиснете и држете го копчето за вклучено/исклучено, за да ги вклучите слушалките. Сината LED сијаличка е вклучена во текот на 3 секунди. Слушалките автоматски повторно се поврзуваат со последниот поврзан мобилен телефон/ Bluetooth уред. Ако последниот не е достапен, слушалките ќе бидат во режимот на спарување.
Статус на индикаторот за други слушалки Статус на слушалките Слушалките се поврзани со Bluetooth уред, додека слушалките се во режим на подготвеност или додека слушате музика. Индикатор Сината LED сијаличка е вклучена Слушалките се подготвени за спарување. LED сијаличката наизменично светка сино и црвено. Слушалките се вклучени, но не се поврзани со Bluetooth уред. Сината и црвената LED сијаличка бавно трепкаат. Ако не може да се воспостави врска, слушалките самите ќе се исклучат во рок од 8 минути.
5 • • • • • • • • • • • • • • Технички податоци Време на музика: 7 часа Време на зборување: 7 часа Време на подготвеност: 160 часа Време на полнење: 2 часа Литиумско полимерска батерија на полнење (80 mAh) Bluetooth верзија: 5,0 Компатибилни Bluetooth профили: • HFP (профил без раце-HFP) • A2DP (напреден профил за аудио дистрибуција) • AVRCP (профил за аудио видео далечинска контрола) Поддржан аудио кодек: SBC Фрекфенциски опсег: 2.402-2.
6 Известување Декларација за сообразност Со ова, MMD Hong Kong Holding Limited изјавува дека овој производ е во согласност со суштинските барања и другите релевантни одредби од Директивата 2014/53/EU. Декларацијата за сообразност можете да ја најдете на www.p4c.philips.com.
Информации за животната средина Сето непотребно пакување е изоставено. Се обидовме да го олесниме одвојувањето на пакувањето на три материјали: картонска (кутија), полистиренска пена (тампон) и полиетилен (врекички, заштитен лист од пена). Вашиот систем се состои од материјали кои можат да се рециклираат и повторно да се користат, доколку бидат расклопени од страна на специјализирана компанија.
7 Трговски марки Bluetooth The Bluetooth® слоганот и логоата се регистрирани трговски марки во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секоја употреба на таквите ознаки од страна на MMD Hong Kong Holding Limited е под лиценца. Останатите трговски марки и трговски имиња се оние кои им припаѓаат на нивните соодветни сопственици. Siri Siri е трговска марка на Apple Inc., регистрирана во САД и други земји.
8 Најчесто поставувани прашања Моите Bluetooth слушалки не се вклучуваат. Нивото на батеријата е ниско. Наполнете ги слушалките. Не можам да ги спарам моите Bluetooth слушалки со мојот Bluetooth уред. Bluetooth-от е оневозможен. Овозможете ја Bluetooth функцијата во вашиот Bluetooth уред и вклучете го Bluetooth уредот пред да ги вклучите слушалките. Bluetooth уредот не може да ги пронајде слушалките. • Слушалките се можеби поврзани со претходно спарен уред.
Philips и Philips Shield Emblem се регистрирани трговски марки на Koninklijke Philips N.V. и се користат под лиценца. Овој производ бил произведен и се продава под одговорност на MMD Hong Kong Holding Limited или на една од неговите филијали и MMD Hong Kong Holding Limited е гарант во однос на овој производ. UM_TAPN402_00_MK_V1.