User manual

146 progress
Функција за задоцнето исклучување на
брзината (моќноста) на всмукување:
Одберете ја посакуваната брзина и притиснете
го истото копче повеќе од 2 секунди, копчето
засветува за да го сигнализира активирањето
на функцијата. Притиснете уште еднаш за да ја
деактивирате функцијата.
Одбраната брзина се исклучува по:
1-ва брзина (моќност) на всмукување: 20 минути
2-ра брзина (моќност) на всмукување: 15 минути
3-та брзина (моќност) на всмукување: 10 минути
4-та брзина (моќност) на всмукување: 5 минути
Функција за активирање – деактивирање на
контролната табла
Притиснете го копчето T6 повеќе од 5 секунди
Функција за активирање – деактивирање на
контролата на заситеност на филтерот на
јаглен
При исклучен аспиратор притиснете го копчето
T7 повеќе од 5 секунди.
Копчето T5 засветува:
2 пати за да сигнализира дека е активирана
контролата на заситеност на филтерот на јаглен
еднаш за да сигнализира дека е деактивирана
контролата на заситеност на филтерот на јаглен
Функција за контрола и ресетирање на
заситеноста на филтрите
Во редовни интервали, на основа на времето
на користење на аспираторот, копчето T5
засветува за да сигнализира дека е потребно да
се изврши сервисирање на филтрите на основа
на сигнализациите дадени во соодветните
параграфи.
Копче T5 запалено со фиксно светло: потребно
е да се изврши сервисирање на филтерот за
масти
Копче T5 запалено со трепкаво светло: потребно
е да се изврши сервисирање на филтерот на
јаглен.
Ресетирање на индикаторот за заситеност на
филтрите:
При исклучен аспиратор притиснете го копчето
T5 повеќе од 2 секунди.
Повторете ја операцијата ако е потребно.
Hob2Hood
Аспираторот се испорачува со безжична
функција на поврзување со плочата за готвење
за автоматско прилагодување на најсоодветна
брзина. Консултирајте се со упатствата за
плочата за готвење и проверете го присуството
и компатибилноста на оваа функција. При
првото поврзување со електрична енергија
или при ненадеен прекин на електричното
напојување (куршлус) почекајте 1 минута за да
му овозможите на аспираторот повторно да се
поврзе со плочата за готвење.
Единица за осветлување
Аспираторот е опремен со систем за
осветлување базиран на технологијата на
LED. LED светилките гарантираат оптимално
осветлување, имаат околу 10 пати подолг век
од традиционалните светилки и овозможуваат
заштеда на електрична енергија и до 90%.
Внимание! Не гледајте директно во LED
светлото.
За замена на сијалиците, контактирајте го
овластениот центар за резервни делови.