Benutzerhandbuch

26
МАКЕДОНСКИ
ВОДИЧ ЗА ГОТВЕЊЕ
МИКРОБРАНОВИ
Микробрановата енергија навлегува во храната, привлечена и
апсорбирана од водата, маснотијата и шеќерот во неа.
Микробрановите придонесуваат молекулите во храната да се движат
брзо. Брзото движење на молекулите создава триење при што
ослободената енергија се искористува за готвење на храната.
ГОТВЕЊЕ
Садови за готвење со микробранови:
Садот мора да дозволи микробрановата енергија да поминува низ него
заради максимална ефикасност. Микробрановите се рефлектираат
од метал, како на пр. челик, алуминиум, бакар, но можат да поминат
низ керамика, стакло, порцелан и пластика, како и низ хартија и дрво.
Затоа храната не треба да се готви во метални садови.
Храна погодна за готвење со микробранови:
Повеќе видови храна се погодни за готвење со микробранови,
вклучувајќи свеж и замрзнат зеленчук, овошје, тестенини, ориз,
житарици, грав, риба и месо. Сосови, кремови, супи, пудинзи, слатка и
чатни може да се готват во микробрановата печка. Генерално кажано,
готвењето со микробранови е идеално за онаа храна која може да
се приготви вообичаено на шпорет. Топење путер или чоколадо, на
пример (погледнете го делот со совети, техники и препораки).
Покривање при готвење
Многу е важно да се покрие храната при готвењето бидејќи пареата
која се создава го забрзува процесот на готвење.
Храната може да се покрие на различни начини: пр. со керамички
капак, пластичен капак или со соодветна фолија.
Времиња на стоење
Откако ќе заврши готвењето, потребно е одредено време за
температурата да се изедначи.
Водич за готвење на замрзнат зеленчук
Употребете соодветен стаклен огноотпорен сад со капак. Гответе
покриено со минимално време - погледнете табела. Продолжете со
готвењето по потреба.
Промешајте двапати за време на готвењето и еднаш потоа. Додадете
сол, зачин или путер по готвењето. Покријте при времето на стоење.
Храна Порција Вклучување Време
(мин.)
Време на
стоење
(мин.)
Инструкции
Спанаќ 150 g 600 W 4½-5½ 2-3 Додадете 15 ml (1 лажица)
ладна вода.
Брокула 300 g 600 W 9-10 2-3 Додадете 30 ml (2 лаж.)
ладна вода.
Грашок 300 g 600 W 7½-8½ 2-3 Додадете 15 ml (1 лаж.)
ладна вода.
Грав 300 g 600 W 8-9 2-3 Додадете 30 ml (2 лаж.)
ладна вода.
Мешан
зеленчук
(морков/
грашок/пченка)
300 g 600 W 7½-8½ 2-3 Додадете 15 ml (1 лаж.)
ладна вода.
Мешан
зеленчук
(кинески стил)
300 g 600 W 8-9 2-3 Додадете 15 ml (1 лаж.)
ладна вода
GS89F_BOL_03817F-MK.indd 26 2011-02-14  1:36:36