User guide

523
Македонски
Внимателно ракување и фрлање на уредот и
полначот во отпад
• Никогаш не фрлајте ги батеријата или уредот во оган.
Никогаш не поставувајте ги батеријата или уредот на
или во загреани уреди, како што се микробранови
печки, рерни или радијатори. Уредот може да
експлодира доколку се загрее прекумерно. Следете
ги сите локални регулативи кога фрлате во отпад
употребена батерија или уред.
• Никогаш не удирајте го и не дупчете го уредот.
• Избегнете изложување на уредот на висок надворешен
притисок што може да доведе до внатрешен краток
спој и презагревање.
Заштитете ги уредот, батеријата и полначот од
оштетување
• Избегнете изложување на Вашиот уред и батерија на
многу ниски или многу високи температури.
• Екстремните температури може да го оштетат уредот и
да го намалат капацитетот на полнење и работниот век
на Вашиот уред и батерија.
• Никогаш не користете оштетен полнач или батерија.
Не чувајте го уредот во близина или во грејачи,
микробранови печки, опрема за готвење или
контејнери со висок притисок
• Батеријата може да истече.
• Уредот може да се прегрее и да предизвика пожар.