User guide

534
Македонски
Не испуштајте го уредот и не предизвикувајте удари
на уредот
• Вашиот уред може да се оштети или да не
функционира правилно.
• Ако е искривен или деформиран, Вашиот уред
може да биде оштетен и некои делови може да не
функционираат.
Осигурете максимален век на траење на батеријата
и полначот
• По извесно време, уредот што не се користи ќе ја
испразни батеријата и мора да се наполни пред
употреба.
• Исклучете го полначот од изворите на напојување кога
не е во употреба.
• Користете ја батеријата само за нејзината намена.
• Следете ги сите инструкции во ова упатство за да
осигурате најдолг работен век на Вашиот уред и
батеријата. Штетите или слабите перформанси
предизвикани од неправилно следење на
предупредувањата и инструкциите, може да ја направи
неважечка Вашата гаранција.
• Вашиот уред може да се истроши со текот на времето.
Некои делови и поправки се покриени со гаранцијата
во период на важноста, но штетите или намалувањето
на квалитетот предизвикани од користење неодобрена
дополнителна опрема не се.