User guide

538
Македонски
Штетен софтвер и
вируси
За да го заштитите Вашиот уред од штетен софтвер
и вируси, следете ги овие совети за користење.
Во спротивно може да дојде до оштетување или
загуба на податоци што може да не е покриено со
гаранцијата
• Не преземајте непознати апликации.
• Не посетувајте недоверливи интернет-страници.
• Избришете ги сомнителните пораки или пораките од
е-поштата од непознати испраќачи.
• Поставете лозинка и менувајте ја редовно.
• Деактивирајте ги безжичните одлики, како што е
Bluetooth, кога не се во употреба.
• Ако уредот функционира неправилно, скенирајте го за
инфекции со антивирусна програма.
• Скенирајте го Вашиот уред со антивирусна програма
пред да стартувате новопреземени апликации и
фајлови.
• Инсталирајте антивирусни програми на Вашиот
компјутер и редовно скенирајте со нив за проверка од
инфекции.
• Немојте да го изменувате регистарот или да го
модифицирате оперативниот систем на уредот.