Operation Manual

MK - 8
тот подолг период, исклучете го
од струја. Главното копче нека
биде исклучено. Исто така, кога
не го користите апаратот, нека
биде исклучен вентилот за гас.
Осигурајте се дека копчињата
за регулирање на апаратот се
секогаш во позиција „0“ (стоп)
кога тој не се користи.
Плеховите се навалуваат при ва-
дењето. Внимавајте да не дозво-
лите да се прелее жешка течност.
Кога вратата или фиоката на
рерната е отворена, не ставајте
ништо врз неа. Може да се не-
урамнотежи апаратот или да се
скрши капакот.
Не ставајте тешки предмети или
запаливи или разгорувачки арти-
кли (најлон, пластични кеси, хар-
тија, крпи...итн.) во фиоката. Ова
вклучува и садови со пластични
додатоци (на пример, рачки).
Не закачувајте пешкири, кујнски
крпи или облека на апаратот
или неговите рачки.
За време на чистењето и одржу-
вањето.
Секогаш исклучувајте го апара-
тот пред операции како што се
чистење и одржување. Можете
да го направите тоа откако ќе го
исклучите апаратот или откако ќе
ги исклучите главните копчиња.
Не ги отстранувајте копчињата
за регулирање за да го исчисти-
те контролниот панел.
ЗА ДА СЕ ЗАДРЖИ ЕФИКАСНО-
СТА И БЕЗБЕДНОСТА НА ВАШИ-
ОТ АПАРАТ, ВИ ПРЕПОРАЧУВА-
МЕ СЕКОГАШ ДА КОРИСТИТЕ
ОРИГИНАЛНИ РЕЗЕРВНИ ДЕ-
ЛОВИ И ДА ГИ ПОВИКАТЕ САМО
НАШИТЕ ОВЛАСТЕНИ СЕРВИ-
СЕРИ ВО СЛУЧАЈ НА ПОТРЕБА.
ПОДГОТОВКА ЗА ИНСТАЛА-
ЦИЈА И УПОТРЕБА
Изработена со најквалитетни делови
и материјали, оваа модерна, функ-
ционална и практична рерна ќе ги
задоволи вашите потреби во секаков
поглед. Не заборавајте да го прочита-
те упатството за да добиете успешни
резултати и да не доживеете никакви
проблеми во иднина. Информациите
дадени подолу содржат правила кои
се потребни за точно позиционирање
и работење. Треба внимателно да
се прочитаат, посебно од страна на
мајсторот кој ќе го мести апаратот.
КОНТАКТИРАЈТЕ ГО ОВЛАСТЕНИ-
ОТ СЕРВИСЕР ЗА ИНСТАЛАЦИЈА-
ТА НА ВАШАТА РЕРНА!
КАКО ДА ОДБЕРЕТЕ МЕСТО
ЗА РЕРНАТА
Постојат неколку точки на кои тре-
ба да обрнете внимание кога од-
бирате место за рерната. Не за-
боравајте да ги земете предвид
нашите препораки дадени подолу
за да се спречат било какви про-
блеми и опасни ситуации, кои би
можеле да се случат подоцна!
Кога одбирате место за рерната,
треба да обрнете внимание да
нема запаливи или експлозивни
материјали во непосредна близина,
како завеси, масло, ткаенини итн.
кои брзо може да се запалат.
Мебелот кој се наоѓа околу рерната
мора да биде направен од материја-
ли кои се отпорни на топлина поголе-
ма од 50 од собната температура.