Operation Manual

137
MK  Неопходно е да ги прочитате упатствата пред да почнете со користење на пилата.
Овој производ е направен и произведен од страна на,
според високи стандарди за доверливост, леснотија во
управувањето и безбедност за корисникот.
Доколку соодветно го одржувате, производот нема да
пројавува неправилности во користењето и ќе може да
го користите долг временски период. Благодариме што
го купивте производот кој користи исклучиво батерии од
43.2V 4Ah (146 Wh).



Доколку не ги почитувате овие
предупредувања и упатства, постои ризик од
електричен шок, пожар и/или сериозни повреди.

Пилата е наменете за сечење на гранки, стебла и греди
со дијаметар кој се прилагодува според должината на
насочувачот. Пилата е наменете исклучиво за сечење на
дрво. Пилата треба да се користи во надворешни услови.
Во домашни услови смее да се употребува исклучиво од
страна на возрасни лица.
 Оваа машина е наменета да ја користат
корисници, т.е. оператори коишто не се професионалци.
Оваа машина е наменета за „домашна употреба“.
Немојте да ја користите пилата за други намени освен за
оние кои се веќе наведени.
Пилата не е наменета за професионално сечење на дрва.
Пилата не смее да се користи од страна на деца или пак
лица кои немаат соодветна лична заштита или облека.

Дури и доколку пилата ја користите според нејзината
намена, постојат дополнителни ризици кои не може да
се препречат. Во зависност од типот и конструкцијата на
уредот, можни се следните потенцијални ризици:
Допир со видливите запци на пилата (ризик од
сечење).
Допир со ротирачката пила (ризик од сечење).
Непредвидливо, нагло движење на насочувачот
(ризик од сечење).
Отфрлени делови од пилата (ризик од сечење/
прободување).
Отфрлени делови од предметот врз кој се работи.
Вдишување на ситни честички од работната
површина.
Допир на кожата со горивото.
Губење на слухот, доколку за време на работата не се
носи соодветна заштита за ушите.
      
    Терминот “електричен
уред” во делот каде се наведени предупредувањата,
се однесува на електричниот уред (со кабел) или
уредот кој работи на батерии (без кабел).

      
Избегнувајте да работите во мали и темни
простории, бидејќи може лесно да дојде до несреќа.
      

      
    Електричните уреди
предизвикуваат искри кои може лесно да ја запалат
прашината или чадот.
       
    Секое влијание врз
вашето внимание, може да доведе да изгубите
контрола врз уредот.


      
Постои зголемен ризик од електричен удар доколку
Вашето тело е приземјено.
       
Доколку водата навлезе во уредот,
постои зголемен ризик од електричен удар.

     
   Немојте да го користите
уредот доколку сте уморни, под влијание на
дрога, алкохол или пак медикаменти. Само мало
невнимание додека управувате со уредот, може да
доведе до сериозни повреди.
     Секогаш
користете заштита за очите. Заштитната опрема како
што се маските, заштитните чевли, заштитната капа
или заштитата за ушите, можат да го намалат ризикот
од лични повреди.
  
   Обезбедете се копчето за вклучување
да биде во позицијата “исклучено” (off) пред да го
вклучите уредот во електричниот извор и/или да ги
поставите батериите, пред да го подигнете или пак да
го преместувате. Избегнувајте да го пренесувате или
вклучувате уредот со прстот поставен на копчето за
вклучување бидејќи постои ризик од повреда.

  Внимавајте да не оставите алат
прикачен на еден од движечките делови на уредот
бидејќи може да дојде до повреда.
     
 Внимавајте како чекорите и одржувајте
рамнотежа постојано. На тој начин ќе имате поголема
контрола врз уредот доколку дојде до неочекувани
ситуации.
     
   Држете ја косата, облеката
и ракавиците подалеку од движечките делови на
уредот. Широката облека, накитот или долгата коса
лесно може да се фатат во движечките делови на
уредот.