Operation Manual

ПОДГОТОВКА ЗА РАБОТА 9
MK
Отворете го внимателно капачето на резервоарот
за мешавина за да се испушти притисокот посте-
пено. Наполнете со инка и не ставајте од меша-
вината до грлото на резервоарот.
Секогаш затворајте го ка-
пачето на резервоарот, завртувајќи докрај.
Исчистете ги веднаш сите
траги од мешавината што евентуално се исту-
риле врз машината или на теренот и не палете
го моторот се додека се чувствуваат испару-
вањата на бензинот.
3. ПОДМАЧКУВАЊЕ НА ЛАНЕЦОТ
Користете исклучиво само
масло наменето за моторни пили или масло со ади-
тиви за моторни пили. Не користете масло што со-
држи нечистотии за да не го запушите филтерот во
резервоарот и трајно да ја оштетите пумпата за
масло.
Маслото наменето за подмач-
кување на ланецот е биоразградливо. Употребата на
минерално масло или моторно масло предизвикува
тешки штети на околината.
Користење масло од врвен квалитет е важен пред-
услов за одржување ефикасна подмачканост на
сите делови на сечење; користење масло со лош
квалитет го спречува подмачкувањето и го нама-
лува времетраењето на ланецот и на лостот.
Секогаш е неопходно да се надополнува докрај ре-
зервоарот за масло (со помош на инка) секојпат
кога се полни гориво; бидејќи за капацитетот на ре-
зервоарот за масло е пресметано дека горивото ќе
се потроши пред маслото, во тој случај се избегнува
ризикот машината да работи без подмачкувач.
4. ПРОВЕРКА НА МАШИНАТА
Пред да започнете со работа, треба:
дополнете мешавина и масло, полнејќи во со-
одветните резервоари;
да проверите да не се случајно олабавени шрафо-
вите на машината или на лостот;
да проверите дали ланецот е прицврстен и нема
знаци за оштетеност;
да проверите дали филтерот за воздух е чист;
да проверите дали прекинувачот и заштитата на
машината се чисти и суви, правилно поставени и
зацврстени за машината;
да проверите дали рачките се добро прицврстени;
да ја проверите ефикасноста на кочницата за ла-
нецот;
проверете ја затегнатоста на ланецот.
контролирајте ја функцијата на триењето: пред
употребата, проверете дали ланецот се движи
кога машината работи на минимум.
ВАЖНО
ВАЖНО
ВНИМАНИЕ!
ВНИМАНИЕ!
5. ПРОВЕРКА НА ЗАТЕГНАТОСТА НА ЛАНЕЦОТ
Спроведете ги сите опера-
ции со изгасен мотор.
Затегнатоста е правилна кога, држејќи го ланецот на
средината на лостот, носачите на преносот не из-
легуваат од лежиштето (сл. 7).
Машина со стандарден ланец
Отшрафете ги шрафовите на картерот со помош
на приложениот клуч (сл. 4).
Завртувајте ги соодветно навртките на ланецот (4)
сe додека не добиете правилна затегнатост на
ланецот (сл. 4).
Држејќи го лостот подигнат, зашрафете ги шра-
фовите на картерот докрај со помош на приложе-
ниот клуч (сл. 5).
Машина со брз ланец
(SP 375Q, SP 405Q, C 38 T, C 41 T)
Разлабавете ракофатот (11) (сл. 4A).
Или завртувајте ја алката (15) сe додека не до-
биете правилна затегнатост на ланецот (сл. 4A).
Држејќи го лостот подигнат, зашрафете го докрај
ракофатот (11) (сл. 5A).
6. ПРОВЕРКА НА КОЧНИЦАТА ЗА ЛАНЕЦОТ
Овој систем е опремен со безбедносен систем за
кочење.
Во случај на повратен удар за време на работата,
како резултат на ненормален контакт на врвот на
лостот со насилно движење нагоре што ја носи ра-
ката да се удри во предната заштита. Во тој случај,
вклучувањето на кочницата го блокира движењето
на ланецот и е неопходно рачно деблокирање за
исклучување.
Оваа кочница може да се постави и рачно буткајќи
ја нанапред предната заштита. За да ја отпуштите
кочницата, повлечете го предниот заштитник кон
рачката сe додека не се слушне звук на отскокну-
вање.
За да ја проверите ефикасноста на кочницата,
треба:
Запалете го моторот и зафатете ја рачката цврсто
со двете раце.
Вклучувајќи ја командата за забрзување за одр-
жување на ланецот во движење, потурнете ја на-
пред рачката за кочницата со помош на палецот
на левата рака. Застанувањето на ланецот мора
да биде моментално.
Кога ќе застане ланецот, пуштете ја веднаш рач-
ката за забрзување.
Отпуштете ја кочницата.
Не користете ја машината
ако кочницата за ланецот не работи правилно и
контактирајте со застапникот за неопходна про-
верка.
ВНИМАНИЕ!
ВНИМАНИЕ!