Operation Manual

на можноста за контакт со јажињата за искачување и со телото 
на операторот (особено десната рака), и
•  губење  на  контрола  предизвикана  со  заземање  небезбедна
позиција за  работа  што дава  простор  за  контакт  на моторната 
пила (непланирано движење при работа на моторната пила).
Позиција за сигурна работа при употреба на двете раце
За  да  се  овозможи  операторите  да  ја  држат  моторната  пила  со 
двете раце, неопходно е како што е посочено, операторите да ја 
предвидат прво сигурната позиција за работа кога треба да работат 
со моторната пила:
•  во ниво на боковите, кога сечат хоризонтални делови,
•  во ниво на стомакот, кога сечат вертикални делови,
Кога операторот работи во близина на вертикални делови со ла
-
терална  сила  во  основата  на  позицијата  за  работа,  неопходно  е 
заземање добра потпора за одржување на положбата при сигурна 
работа. 
Сепак,  во  моментот  кога  опера
-
торот  ќе  се  оддалечи  од  делот,
треба  да  се  преземат  чекори  за 
анулирање  или  неутрализирање 
на  растечката  латерална  сила, 
на  пр.  со  менување  на  правецот 
на  главното  јаже  за  половина  на 
точка за помошно искачување и со 
овозможување заштитната опрема 
за  тело  со  рамни  ремени  за  да
се  регулира  директно  на  самата
заштита  до  точката  за  помошно 
искачување.
Постигнување  добра  потпора  на
положбата  за  работа  може да  се 
олесни  со  употреба  на  узенгија, 
создадена  привремено  со  еден 
кружен  ремен  во  кој  може  да  се 
вметне ногата.
Палење на моторната пила на дрво
При палење на моторната пила на дрво, неопходно е операторот да:
а)  ја повлече кочницата на ланецот пред палење,
б)  ја потпре моторната пила на десниот или левиот бок на телото 
пред палење, и тоа:
1)  на левиот  бок,  држете  ја  моторната пила  со  левата  рака  ста
-
вена на  предната  рачка,  држејќи  ја  моторната  пила подалеку 
од телото додека го повлекувате јажето за палење со десната 
рака, или
2)  на десниот бок, држете ја моторната пила со десната рака ста
-
вена на предната рачка, држејќи ја моторната пила подалеку од 
телото додека го повлекувате јажето за палење со левата рака.
Неопходно е кочницата за ланецот да е секогаш вметната пред да 
ја оставите моторната пила да виси на рамниот ремен.
Неопходно  е  операторите  секогаш  да  проверат  дали  моторната 
пила има доволно гориво пред да пристапат при критични сечења.
Користење на моторната пила со една рака
Неопходно  е  операторите  да  не  ја  користат  моторната  пила  за 
кастрење со една рака кога се наоѓаат во нестабилна положба за 
работа и се претпочита користење рачна пила во текот на сечењето
на дрво со мал дијаметар на израстоците на гранките.
Неопходно е да се користи моторната пила за кастрење само со 
една рака кога:
•  операторите  не  можат  да 
одржат  позиција  за  работа 
што ќе им дозволи служење 
со двете раце, и
•  имаат  потреба  даја  одржат 
својата  позиција  за  работа 
со едната рака, а моторната 
пила  се  користи  со  целосна 
истегнатост,  затегнатост  на 
телото на операторот и е од
-
далечена од него.
Неопходно е операторите:
•  никогаш да не сечат во зоната на противударот кај крајниот дел 
на лостот на моторната пила;
•  никогаш да „не сечат и да се држат“ за деловите, или
•  никогаш да не се држат за деловите кога паѓаат.
Ослободување на блокирана моторна пила
Ако моторната пила се блокира во текот на сечењето, неопходно 
е операторот:
•  да ја исклучи моторната пила и да ја закачи на сигурен начин на 
делот од гранката што се протегнува од стеблото на сечење или 
на јаже, што не е дел од опремата;
•  да  ја  повлече  моторната  пила  од  местото  на  заплеткување 
подигајќи ја гранката, ако е потребно;
•  ако е потребно,  со помош на  рачна пила или  со друга моторна 
пила  да  ја  ослободи  блокираната  моторна  пила,  извршувајќи 
сечења најмалку 30 цм околу блокираната моторна пила.
Кога  се  користи  рачна  пила  или  друга  моторна  пила  за 
ослободување  на  блокираната  моторна  пила,  неопходно  е 
сечењето да се извршува кон врвот на гранката (т.е. меѓу загла
-
вената  моторна  пила  и  врвот  на  гранката,  а  не  меѓу  стеблото  и 
блокирана моторна пила) до крајот на заплетканоста на моторната 
пила ако ја влече дел од гранка што била исечена и ако ситуацијата 
се закомплицира максимално.
8
МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
MK