Instruction Manual

Table Of Contents
0478 906 9906 A - MK
106
Мотокултиваторот безбедно се
поставува на подвозјето за
транспорт.
7.1 Нагодување на нишањето
Со навртување и одвртување на
двата шрафа (1) се нагодува
страничното поместување на главата
за нагрнување.
Намалување на степенот на
поместување:
Контранавртките (2) се
разлабавуваат, а шрафовите (1) се
навртуваат во насока на движење на
стрелките на часовникот. На крај
повторно цврсто се затегнуваат
контранавртките.
Зголемување на степенот на
поместување:
Контранавртките (2) се
разлабавуваат, а шрафовите (1) се
одвртуваат во спротивна насока од
насоката на движење на стрелките
на часовникот. На крај повторно
цврсто се затегнуваат
контранавртките.
Препорачано нагодување:
Помеѓу шрафовите (1) и адаптерот (3)
на мотокултиваторот, односно
адаптерот за монтирање (4) се одржува
растојание (A) од околу 3mm.
8.1 Поставување на работниот
агол
Со навртување и одвртување на
шрафот за нагодување (1) се поставува
работниот агол (B) на главата за
нагрнување.
Намалување на работниот агол (B):
●Двете контранавртки (2) се
отпуштаат. Се разлабавува шрафот
за затегнување (3). Штел-шрафот (1)
се одвртува во спротивна насока од
насоката на движење на стрелките
на часовникот. На крајот шрафот за
затегнување (3) се навртува со
раката, сè додека главата за
нагрнување не се зацврсти, а двете
контранавртки (2) повторно цврсто
се затегнуваат.
Зголемување на работниот агол (B):
●Двете контранавртки (2) се
отпуштаат. Шрафот за
затегнување (3) се разлабавува, а
штел-шрафот (1) се навртува во
насока на движење на стрелките на
часовникот. На крајот шрафот за
затегнување (3) се навртува со
раката, сè додека главата за
нагрнување не се зацврсти, а двете
контранавртки (2) повторно цврсто
се затегнуваат.
8.2 Поставување на работната
ширина
Страничните крила (1) на главата
за нагрнување можат да се нагодуваат,
така што се менува работната
ширина (C) на главата за нагрнување.
Нагодување на работната
ширина (C):
Граничниците (2) се подигнуваат и се
прикачуваат во еден од отворите на
крилните делови (1).
9.1 Поставување на работната
длабочина
Главата за нагрнување по
потреба може да се монтира повисоко
или подлабоко на мотокултиваторот.
Поставување на работната
длабочина:
●Завртката за затегнување (1) се
отпушта, а главата за нагрнување (2)
се донесува во саканата висина. На
крај завртката за затегнување се
навртува со рака, сè додека главата
за нагрнување не се фиксира.
7. Елементи за нагодување
AHK 701, AHK 702
7
8. Елементи за нагодување
AHK 701
8
9. Елементи за нагодување
AHK 702
9
10