Instruction Manual

Table Of Contents
нашите корисници. Ова резултира со
производи со висока сигурност, дури и при
екстремни оптоварувања.
STIHL гарантира врвен квалитет и кај
услугите. Нашата специјализирана трговска
мрежа нуди стручно советување и комплетна
техничка поддршка.
STIHL е експлицитно посветен на одржливо и
одговорно користење на природата. Овa
упатствo за употреба е наменетo да Ви
помогне да го користите вашиот производ
STIHL безбедно и на еколошки начин во текот
на долг работен век.
Благодариме за довербата и Ви посакуваме
многу задоволство со Вашиот производ
STIHL.
Dr. Nikolas Stihl
ВАЖНО! ПРЕД УПОТРЕБА ДА СЕ ПРОЧИТА
И ДА СЕ ЗАЧУВА.
2 Информации за ова
упатство за употреба
2.1 Применливи документи
Ова yпатство за употреба е оригинално и
доставено од производителот согласно
директивата на ЕУ 2006/42/EC.
Се применуваат локалните прописи за
безбедност.
Покрај ова упатство за употреба,
прочитајте, разберете и чувајте ги
следниве документи:
Безбедносни упатства за акумулаторот
STIHL AP
Упатство за употреба на полначи STIHL
AL 101, 300, 500
Безбедносни информации за
акумулаторите STIHL и производите со
вградени батерии/акумулатори:
www.stihl.com/safety-data-sheets
2.2 Ознаки на предупредувањата
во текстот
ОПАСНОСТ
Напомената укажува на опасности што
доведуваат до тешки повреди или смрт.
Наведените мерки може да спречат
тешки повреди или смрт.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Напомената укажува на опасности што
може да доведат до тешки повреди или
смрт.
Наведените мерки може да спречат
тешки повреди или смрт.
УПАТСТВО
Напомената укажува на опасности што
може да доведат до материјални штети.
Наведените мерки може да спречат
материјални штети.
2.3 Симболи во текстот
Овој симбол посочува на поглавје во
ова упатство за употреба.
3 Преглед
3.1 Косилка за трева и
акумулатор
македонски 2 Информации за ова упатство за употреба
526 0478-131-9862-B