User manual

СЕРВИСИРАЊЕ
За да го поправите апаратот контактирајте
го Овластениот сервисен центар.
Користете само оригинални резервни
делови.
РАСХОДУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ризик од
повреда или задушување.
Исклучете го апаратот од приклучокот за
струја.
Отсечете го кабелот за струја и фрлете го.
Извадете ја вратата за да спречите
затворање на деца и миленичиња во
апаратот.
Водовите за ладење и изолираните
материјали на овој апарат се еколошки
производи.
Изолациската пена содржи запалив гас.
Контактирајте со општинската власт за да
добиете информации за правилно
расходување на апаратот.
Не оштетувајте го делот за ладење којшто
се наоѓа во близина на разменувачот на
топлина.
МОНТАЖА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Видете во
поглавјата за заштита и сигурност.
МЕСТОПОЛОЖБА
Видете ги упатствата за
составување за монтажа.
За да обезбедите најдобар перформанс,
монтирајте го апаратот на добра
оддалеченост од извори на топлина, како што
се радијатори, бојлери, директна сончева
светлина итн. Погрижете се воздухот да може
слободно да струи околу задниот дел од
апаратот.
ПОСТАВУВАЊЕ
Овој апарат може да биде поставен внатре,
на суво и добро проветрено место, каде што
околната температура е соодветна на
климатската класа укажана на плочката со
спецификации на апаратот.
Климатска
класа
Температура на околината
SN +10°C до + 32°C
N +16°C до + 32°C
ST +16°C до + 38°C
T +16°C до + 43°C
Може да дојде до појава на
одредени функционални проблеми
кај некои модели доколку работат
вон тој опсег. Правилното
работење може да се гарантира
само во наведениот температурен
опсег. Ако не сте сигурни околу
тоа каде да го монтирате
апаратот, побарајте совет од
продавачот, од нашата служба за
корисници или од најблискиот
Овластен сервисен центар.
ПОВРЗУВАЊЕ НА СТРУЈАТА
Пред да го приклучите, проверете дали
напонот и фреквенцијата прикажани на
плочката со спецификации одговараат на
вашата домашна електрична мрежа.
Апаратот мора да биде заземјен.
Приклучокот на кабелот за напојување со
струја е со вземјување. Ако штекерот од
домашната електрична мрежа не е вземјен,
поврзете го апаратот со посебно
вземјување во согласност со прописите за
електрична енергија и откако ќе се
посоветувате со квалификуван електричар.
Производителот одбива каква било
одговорност ако горенаведените
безбедносни мерки не се испочитувани.
Апаратот ги исполнува барањата
предвидени со Директивите на ЕЕЗ.
ПОТРЕБИ ЗА ПРОВЕТРУВАЊЕ
Протокот на воздух зад апаратот мора да
биде доволен.
16