User manual

отстрани карактеристичниот мирис на новите
производи, а потоа темелно избришете ги.
ВНИМАНИЕ! Не користите
детергенти, абразивни средства,
средства за чистење со хлор или
на база на масло затоа што може
да ја оштетат политурата.
МЕСТЕЊЕ НА ПОЛИЦИ НА ВРАТАТА
За да се овозможи чување на пакети храна во
разни големини, полиците на вратата може да
се поставуваат на различни висини.
1. Постепено извлекувајте ја полицата се
додека не се ослободи.
2. Поместете ја како што е потребно.
ПОДВИЖНИ ПОЛИЦИ
На ѕидовите на фрижидерот се монтирани
низа држачи така што полиците може да се
наместат по желба.
Не поместувајте ја стаклената
полица над фиоката за зеленчук
за да не го пореметите струењето
на воздухот.
ЗАМРЗНУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ НА
ЗАМРЗНАТА ХРАНА
Преградата за замрзнување е погодна за
замрзнување на свежа храна и за долгорочно
чување на замрзната и длабоко замрзната
храна.
По првото вклучување или по извесен период
некористење, пред да ставите производи во
комората, оставете го апаратот да работи
барем 2 часа на највисоката поставка.
Ставете ја свежата храна којашто треба да се
смрзне средната преградадвете долни
прегради.
Максималната количина на храна што може
да се замрзне за 24 часа е наведена на
плочката со спецификации, етикета што се
наоѓа во внатрешноста на апаратот.
Процесот на смрзнување трае 24 часа, за
време на овој период не ставајте друга храна
да се смрзне.
Кога процесот на смрзнување е завршен,
можете да ја вратите претходно поставената
температура.
Во случај на случајно
одмрзнување, на пример при
прекин на снабдувањето со
електрична струја, ако струјата
била исклучена подолг период од
вредноста прикажана во табелата
со технички карактеристики под
„време на подигање“, одмрзнатата
храна мора да биде брзо
конзумирана или веднаш зготвена
и потоа повторно замрзната
(откако ќе се излади).
ОДМРЗНУВАЊЕ
Длабоко смрзнатата и смрзнатата храна, пред
да се употреби, може да се одмрзне во
преградата на фрижидерот или на собна
температура, зависно од времето достапно за
оваа постапка.
Малите парчиња може дури и да се готват
смрзнати, директно од замрзнувачот: во тој
случај, готвењето ќе трае подолго.
ПРАВЕЊЕ КОЦКИ МРАЗ
Апаратот е опремен со еден или повеќе
садови за правење коцки мраз.
Не користете метални алатки за
вадење на садовите од
замрзнувачот.
1. Наполнете ги овие садови со вода
18