User manual

2. Ставете ги садовите за мраз во комората
за замрзнување.
ПОМОШ И СОВЕТИ
НОРМАЛНИ РАБОТНИ ЗВУЦИ
Следните звуци се нормални за време на
работа:
Слабо клокотење и звук на кркорење од
калемот кога фрижидерот се полни.
Звук на брмчење и пулсирачки звук од
компресорот кога фрижидерот се полни.
Ненадеен звук на кршење од внатрешноста
на апаратот како резултат на термичка
дилатација (природен и физички феномен
којшто не е опасен).
Слаб звук на чкрипење од регулаторот на
температура кога компресорот се вклучува
или исклучува.
СОВЕТИ ЗА ШТЕДЕЊЕ ЕНЕРГИЈА
Не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго отколку што
е неопходно.
СОВЕТИ ЗА ЛАДЕЊЕ СВЕЖА ХРАНА
Не ставајте топла храна или течности што
испаруваат во фрижидерот.
Покривајте ја или виткајте ја храната,
особено ако има посилен вкус.
Ставајте ја храната така што воздухот
може да кружи слободно околу неа.
СОВЕТИ ЗА ЛАДЕЊЕ
Корисни совети:
Месо (сите видови): виткајте го во
пластични ќесички и ставајте го на
стаклената полица над фиоката за
зеленчук. Месото чувајте го најмногу од 1-2
дена.
Зготвена храна, ладни јадења: покријте ги
и ставете ги на полицата.
Овошје и зеленчук: темелно измијте и
ставете ги во специјалната фиока.
Бананите, компирите, кромидот и лукот,
ако не се спакувани, не смеат да се чуваат
во фрижидер.
Путер и сирење: ставете го специјален
херметчки сад или завиткајте го со
алуминиумска фолија или пластично ќесе
за да го извадите воздухот колку што може
повеќе.
Шишиња: тие треба да бидат затворени со
капаче и да се чуваат на полицата за
шишиња на вратата, или на држачот за
шишиња (ако има).
СОВЕТИ ЗА ЗАМРЗНУВАЊЕ
Смрзнувајте само квалитетна, свежа и
убаво измиена храна.
За поефикасно замрзнување и
одмрзнување поделете ја храната во мали
порции.
Завиткајте ја храната во алиминумска
фолија или пластично ќесе. Пакувањето не
смее да пропушта воздух.
За да се избегне зголемување на
темпертурата на веќе смрзнатата храна, не
ја ставјте веќе смрзнатата храна директно
до неа.
Немасната храна се чува подобро и
подолго отколку масната. Солта го
намалува векот на чување на храната.
Немојте да јадите коцки мраз, мраз или
лижавчиња мраз веднаш после вадење од
замрзнувачот. Опасност од замрзнатини.
Препорачливо е да се запише датумот на
смрзнување на секое пакување за да
можете да водите сметка за времето на
смрзнатост.
СОВЕТИ ЗА ЧУВАЊЕ ЗАМРЗНАТА ХРАНА
Проверувајте дали комерцијалните
смрзнати прехранбени продукти биле
соодветно чувани кај продавачот.
Погрижете се замрзнатите прехранбени
продукти да се пренесат од продавницата
до замрзнувачот во најкраток можен рок.
Штом ќе се одмрзне, храната се расипува
брзо и не може повторно да се смрзне.
Не надминувајте го препорачаниот период
за чување.
19