User manual

НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Видете во
поглавјата за заштита и сигурност.
ОПШТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
ВНИМАНИЕ! Исклучете го
апаратот од струја пред да вршите
каква било постапка за
одржување.
Овој апарат содржи
хидрокарбонати во одделот за
ладење; затоа оддржувањето и
повторното полнење мора да биде
направено од овластени
техничари.
Додатоците и деловите од
апаратот не се соодветни за
миење во машина за миење на
садови.
ПЕРИОДИЧНО ЧИСТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ! Не влечете ги, не
поместувајте ги и не оштетувајте
ги цевките и/или каблите внатре
во апаратот.
ВНИМАНИЕ! Не оштетувајте ги
водовите за ладење.
Опремата треба редовно да се чисти:
1. Измијте ги внатрешноста и додатоците со
млака вода и со неутрален сапун.
2. Редовно проверувајте ги заптивките на
вратата и бришете ги за да бидат чисти и
без остатоци од храна.
3. Исплакнете и избришете целосно.
4. Ако се достапни, чистете ги со четка
кондензаторот и компресорот на задната
страна на апаратот.
Со тоа се подобрува работењето на
апаратот и се штеди електрична енергија.
ОДМРЗНУВАЊЕ НА ФРИЖИДЕРОТ
Сланата автоматски се отстранува од
испарувачот во преградата од фрижидерот
секогаш кога компресорот ќе престане да
работи во текот на вообичаената употреба.
Водата од одмрзнувањето истекува во
посебен сад на задната страна на апаратот,
над компресорот, од кој што испарува.
Важно е повремено да се исчисти дупчето за
истекување на водата од одмрзнување во
средината на каналот во преградата на
фрижидерот за да се спречи прелевање на
водата и нејзино капење врз храната внатре.
ОДМРЗНУВАЊЕ НА ЗАМРЗНУВАЧОТ
ВНИМАНИЕ! Никогаш не
користете метални алатки за да го
стругате мразот од испарувачот,
бидејќи може да го оштетите.
Зголемувањето на температурата
на смрзнатата храна за време на
одмрзнувањето може да го скрати
нејзиниот век на чување.
Не користете механички уреди или
какви било други вештачки
средства за забрзување на
процесот на одмрзнување, освен
оние што се препорачани од
производителот.
На полиците на замрзнувачот и околу
најгорната преграда секогаш ќе се формира
одредена количина мраз.
Одмрзнете го замрзнувачот кога слојот мраз
ќе достигне дебелина од околу 3-5 mm.
1. Извлечете го приклучокот за струја од
ѕидниот штекер или исклучете го
апаратот.
2. Извадете ја храната, завиткајте ја во
неколку слоја весник и ставете је на
студено место
ВНИМАНИЕ! Не допирајте ги
смрзнатите работи со мокри
раце. Рацете може да ви се
залепат на смрзнатата храна.
3. Отворете ја вратата.
За да се забрза одмрзнувањето, ставете
сад со топла вода во комората за
замрзнување. Освен тоа, отстранете ги
20