User manual

парчињата мраз што се откачуваат пред
да заврши одмрзнувањето.
4. Кога ќе заврши одмрзнувањето,
избришете ја внатрешноста темелно и
чувајте ја гребалката за идна употреба.
5. Вклучете го апаратот.
6. Поставете го регулаторот на
температурата за да добиете максимално
ладење и оставете го апаратот да работи
два-три часа со оваа поставка.
7. Вратете ја извадената храна во комората.
ПЕРИОДИ НА НЕРАБОТЕЊЕ
Кога апаратот не се користи подолго време,
преземете ги следниве мерки за заштита:
1. Откачете го апаратот од електричната
мрежа.
2. Извадете ја сета храна.
3. Одмрзнете ги (ако е потребно) и исчистете
го апаратот и сите додатоци.
4. Исчистете ги апаратот и сите додатоци.
5. Оставете ја вратата/вратите отворени за
да спречите непријатни миризби.
ВНИМАНИЕ! Ако фрижидерот
треба да остане вклучен, замолете
некого да го проверува повремено
за да не се случи храната да се
расипе во случај на снемување
струја.
РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Видете во
поглавјата за заштита и сигурност.
ШТО ДА НАПРАВИТЕ АКО...
Проблем Можна причина Решение
Апаратот не работи. Апаратот е исклучен. Вклучете го апаратот.
Приклучокот за струја не
е правилно ставен во
штекерот.
Правилно ставете го
приклучокот за струја во
штекерот.
Во штекерот нема напон. Приклучете некој друг
електричен апарат во
штекерот. Побарајте
квалификуван електричар.
Светлото не работи. Светлото е во состојба на
мирување.
Затворете ја и отворете ја
вратата.
Светлото не е исправно. Видете во „Заменување на
светлото“.
Компресорот работи
непрекинато.
Температурата не е
правилно поставена.
Погледнете во
„Функционирање“.
Истовремено се внесени
многу производи.
Почекајте неколку часа и
повторно проверете ја
температурата.
Собната температура е
премногу висока.
Видете во табелата за
климатска класа на плочката
за спецификации.
21