User manual

Копче почни/прекини
Почнување програма за миење:
1. Одберете програма за миење.
2. Притиснете го копчето Почни/прекини
(соодветното светло свети).
ВАЖНО
Штом ќе почне програмата, ако сакате да го
смените одбраното мора да ја прекинете
вклучената програма за миење.
Откажување на тековната програма за
миење:
1. Држете го притиснато копчето Почни/
прекини додека не се изгасне соодветното
светло.
2. Пуштете го копчето Почни/прекини.
3. Свртете го тркалцето на програматорот во
положба Исклучено или изберете
нова
програма за миење (проверете дали има
детергент во дозерот).
Копче за одложено почнување
Оваа функција овозможува почнувањето на
програмите да се одложи до 3 часа.
Штом ќе ја одредите програмата за миење,
притиснете го копчето за одложено почнување.
Се пали соодветното показно светло.
Притиснете го копчето почни/прекини,
одбројувањето за одложеното почнување почнува
автоматски.
Кога ќе заврши одбројувањето, програмата за
миење ќе почне автоматски. Показното светло
за
одложено почнување се гаси.
Откажување на вклученото одложено
почнување: држете го притиснато копчето Почни/
прекини додека не се изгаснат соодветните светла
за Почни/прекини и одложено почнување.
За да ја почнете програмата за миење, притиснете
го копчето Почни/прекини.
Показно светло на програматорот
Се пали кога е одбрана програма за миење
6