User manual
Регулирање на дозирањето на средството за плакнење
Зголемете ја дозата ако има капки вода или
дамки од бигор на садовите по миењето.
Намалете ја дозата ако има белузлави
ленти на садовите или синкав слој на
чашите или на остриците на ножевите.
Отворете го капакот. Наместете го нивото на
дозата. (Дозата е
фабрички поставена во
положба 4).
Затворете го капакот и
притиснете го да се
заглави.
Полнење со прибор за јадење и садови
Во машината за миење садови не смеат да
се мијат сунѓери, крпи или предмети што
впиваат вода.
• Пред да ја наполните машината со
садови, треба:
– да ги отстраните сите остатоци од
храна и покрупни нечистотии;
– да ги омекнете остатоците изгорена
храна во тавите.
• Кога ја полните машината со садови и
прибор за
јадење, внимавајте:
– Садовите и приборот за јадење не
смеат да го попречуваат вртењето на
прскалките.
– Ставајте ги шупливите предмети
(шољи, чаши, тави, итн.) со отворот
надолу за да не се собира вода во
садовите.
– Садовите и приборот за јадење не
смеат да се вметнати едни во други
или да се покриваат.
–
За да избегнете оштетување на
чашите, тие не смеат да се допираат.
– Ставајте ги малите предмети во
корпата за прибор за јадење.
• Пластичните садови и тавите со
нелеплива облога се склони кон
задржување капки вода; тие нема да се
исушат добро како порцеланските и
челичните садови.
14