User manual

Лесните садови (пластични чинии и сл.)
треба да се ставаат во горната корпа и да
се наредат така што нема да се
поместуваат.
Миењето на следниов прибор и садови во машината за миење садови
не се препорачува: може да биде проблематично:
Прибор за јадење со дршки од дрво, слонова
коска, порцелан или бисер.
Пластични предмети што не се отпорни на
топлина.
Постар прибор за јадење со лепени делови што
не се отпорни на топлина.
Лемен прибор за јадење или садови.
Калаисани или бакарни садови.
Оловно кристално стакло.
Челични предмети што
`рѓосуваат.
Дрвени чинии.
Предмети од синтетички влакна.
Камени садови може да се мијат во машината
само ако производителот посебно ги означил
како безбедни за миење во машина.
Глазираните шари може да избледат ако често
се мијат во машина.
Сребрените и алуминиумските делови се склони
кон обезбојување при миење: Остатоци од
белка и жолчка од јајца и од сенф чесно
предизвикуваат обезбојување и дамки на
среброто. Затоа секогаш исчистете ги
остатоците од храна од среброто, ако не го
миете веднаш по употребата.
Исправените ножеви со долги острици се
потенцијална опасност. Долгиот и остриот прибор,
на пр. ножевите за сечење месо, мора да се стават
легнати во корпата за ножеви што се вади, којашто
се наоѓа од задната страна на горната корпа.
15