User manual
Функција 3 во 1
ABC
Апаратот е опремен со "функција 3 во 1" што
овозможува употреба на комбинирани
комбинирани таблети со детергент "3 во 1".
Тие производи се детергенти со
комбинирани функции за миење, плакнење
и сол. Може да содржат и други агенси,
зависно од видот таблети што ќе ги
одберете ("3 во 1", "4 во 1", "5 во 1" итн.)
Проверете дали детергентите се соодветни
за тврдоста на
вашата вода. Погледнете ги
упатствата на производителот.
Кога ќе се одбере оваа функција, останува
активна за сите следни програми за миење.
Кога ќе се одбере оваа функција, дотокот на
средство за плакнење и сол од соодветните
садови автоматски се исклучува, а се
исклучуваат и показните светла за сол и
средство за плакнење.
Одберете
ја функцијата "3 во 1" пред
почетокот на програма за миење.
Кога се употребува функцијата "3 во 1",
траењето на циклусите може да се смени.
Кога ќе почне програмата, функцијата "3 во
1" веќе НЕ МОЖЕ да се менува.
Ако сакате да ја исклучите функцијата "3 во
1", треба да ја откажете моменталната
програма, па потоа да ја исклучите
функцијата "3
во 1". Во тој случај, ќе мора
повторно да поставите програма за миење
(и саканите опции).
Активирање/деактивирање на
функцијата "3 во 1"
Притиснете ги истовремено двете копчиња
над симболот "3 in 1", додека не се запали
показното светло "Функција 3 во 1". Тоа
значи дека функцијата е активна.
За да ја исклучите функцијата, притиснете
ги истите копчиња повторно додека
показното светло
соодветно на симболот за
функцијата 3 во 1 не се изгасне.
ВАЖНО
Доколку резултатите на сушењето не се
задоволителни, предлагаме:
1. Наполнете го дозерот со средство за
плакнење.
2. Активирајте го дозерот за средство за
плакнење.
3. Поставете ја дозата на средство за
плакнење во положба 2.
• Активирањето/деактивирањето на
дозерот за средството за плакнење е
можно само кога е активна функцијата 3
во 1.
19