User manual

Чистење однадвор
Чистете ги надворешните површини на
машината и на контролната табла со мокра
мека крпа. Ако е потребно, користете само
неутрални детергенти. Не користете
абразивни средства, жици или растворачи
(ацетон, трихлороетилен и сл.).
Чистење однатре
Гумите околу вратата, дозерите за
детергент и за средство за плакнење треба
да се чистат редовно со мокра крпа.
Препорачуваме секои 3 месеци да се пушти
програмата за миење многу извалкани
садови со детергент, но без садови.
Подолги периоди
неработење
Ако не ја користите машината подолго
време, ве советуваме:
1. Исклучете го апаратот од струја, па
затворете го доводот на вода.
2. Оставете ја вратата подотворена за да
спречите создавање непријатни
мириси.
3. Оставете ја внатрешноста на машината
чиста.
Спречување смрзнување
Не поставувајте ја машината на место
кадешто температурата е под 0°C. Ако тоа
е неизбежно, испразнете ја машината,
затворете ја вратата, откачете го цревото за
довод на вода и испразнете го.
Преместување на машината
Ако треба да ја преместите машината (се
селите или сл.):
1. Исклучете ја од струја.
2. Затворете ја славината.
3. Извадете ги цревата за довод на вода и
за истекување.
4. Извлечете ја машината заедно со
цревата.
Избегнувајте прекумерно навалување на
машината за време на превозот.
Еколошки мерки
Отстранете го Вашиот истрошен уред
според прописите кои важат во Вашето
место на живеење.
Материјали за пакување
Материјалите за пакување се еколошки и
може да се рециклираат. Пластичните
делови се идентификуваат по ознаките, на
пр. >PE<, >PS<, итн. Фрлајте ги
материјалите за пакување во соодветен
контејнер на местата за фрлање комунален
смет.
22