User manual
ВНИМАНИЕ
Кога веќе не се користи апаратот:
• Извадете го приклучокот за струја од
штекерот.
• Исечете ги кабелот и приклучокот и
фрлете ги.
• Фрлете ја бравата на вратата. Тоа ќе
спречи евентуално затворање на деца
внатре и загрозување на нивниот живот.
Ако нешто не работи
Машината за миење садови не почнува или
прекинува да работи. Можни се одредени
проблеми поради несоодветно одржување
или превиди, што може да се решат со
помош на показателите опишани во
табелата без викање сервисер.
Исклучете ја машината за миење садови,
отворете ја вратата и постапете на
следниов начин.
Шифри за дефекти и неправилно
функционирање
Можни причини и решение
Машината за миење садови не се полни со вода.
•
постојано трепкање на светлото на
вклучената програма
•
1 трепкање на светлото за крај на програмата
• Славината е блокирана или затната од бигор.
Исчистете ја славината.
• Славината е затворена.
Отворете ја славината.
• Филтерот (кадешто го има) на приклучокот на
обложеното црево кај вентилот за довод на вода
е затнат.
Исчистете го филтерот во обложеното црево.
• Цревото за довод на вода не е правилно
поставено, извиткано е
или смачкано.
Проверете го приклучокот на цревото за довод
на вода.
Машината за миење садови не испушта вода.
•
постојано трепкање на светлото на
вклучената програма
•
2 трепкања на светлото за крај на програмата
• Одводот за вода е затнат.
Исчистете го одводот за вода.
• Цревото за испуштање вода не е правилно
поставено, извиткано е или смачкано.
Проверете го приклучокот на цревото за
истекување вода.
•
постојано трепкање на светлото на
вклучената програма
•
3 трепкања на светлото за крај на програмата
• Активиран е уредот за заштита од поплавување
Затворете ја славината и контактирајте со својот
локален сервисен центар.
23