User manual
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За поврзување со водоводната мрежа
користете само нови црева; не смеат
повторно да се користат стари црева.
ВНИМАНИЕ
Ако е машината поврзана со нови цевки или
со цевки што не биле користени долго
време, треба да ја пуштите водата да тече
неколку минути пред да го поврзете цревото
за довод.
Црево за довод на вода со
безбедносен вентил
Поврзете го цревото за довод со славина со
надворешен навој од 3/4 цола.
По поврзувањето на двослојното црево за
довод на вода, безбедносниот вентил е
веднаш до славината.
Ако цревото за довод на вода протекува,
безбедносниот вентил го затвора доводот
на вода.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Електричниот кабел за безбедносниот
вентил е во двослојното црево за довод на
вода и во него има струја.
Затоа, не потопувајте ги цревото за довод
на вода и безбедносниот вентил во вода.
Внимавајте кога го местите цревото за
довод на вода
. Поставете го цревото за довод на вода така
што ќе биде пониско
од долниот раб на
безбедносниот вентил.
Доколку цревото за довод на вода или
безбедносниот вентил се оштетени, веднаш
извадете го приклучникот од штекерот за
струја.
ВНИМАНИЕ
Цревото за довод на вода со безбедносен
вентил МОРА да го заменува само вашиот
локален сервисен центар.
28