User manual

одговара со напојувањето на местото
кадешто апаратот треба да се намести.
На плочката може да се најде и потребната
јачина на осигурувачите.
Секогаш приклучувајте го апаратот во
правилно инсталиран штекер обезбеден од
струјни удари. Не смеат да се користат те-
штеци, приклучници и продолжни кабли со
повеќе приклучоци.
Така може да се предизвика
пожар поради
прегревање.
Ако е потребно, заменете го штекерот. Ако
треба да се замени кабелот за напојување,
контактирајте со својот локален сервисен
центар.
Приклучникот мора да биде достапен по
местењето на апаратот.
Не исклучувајте го апаратот влечејќи го
кабелот. Секогаш повлекувајте го
приклучникот.
Производителот не прифаќа никаква
одговорност за неисполнување на
горенаведените безбедносни мерки.
Местење под работна
површина
ВАЖНО
Внимателно следете ги упатствата во
приложената брошура за вградување на
машината за миење садови и за монтирање
на дрвената плоча.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Машината за миење садови мора да се
прицврсти за да не се навалува.
Затоа внимавајте работната површина под
која е монтирана да е соодветно
прицврстена за околните структури
(соседни кујнски елементи, плакари, ѕид).
Машината за миење садови е конструирана
за ставање под кујнска или работна
површина.
Не се потребни отвори за вентилација за
машината
, само отвори да поминат цревата
за довод и одвод за вода и кабелот за струја.
Машината за миење садови има
приспособливи ногарки за регулирање на
височината.
За време на сите операции што вклучуваат
достапност на надворешни компоненти,
машината за миење садови не смее да биде
приклучена во струја.
Внимавајте по местењето на апаратот
тој да
биде лесно достапен за сервисерите за
случај да се потребни поправки.
Порамнување
Доброто порамнување е најважно за добро
затворање и затнување на вратата.
Кога е апаратот правилно порамнет,
вратата нема да закачува ниедна од
страните на куќиштето. Ако вратата не се
затвора правилно, олабавете ги или
стегнете ги ногарките додека машината не
биде совршено порамнета. (Видете во
приложената шема).
30