User manual
Безбедност на децата
• Апаратот е конструиран да го користат
возрасни. Не дозволувајте деца да ја
користат машината за миење садови без
надзор.
• Чувајте ги сите материјали за пакување
далеку од децата. Постои опасност од
задушување.
• Чувајте ги сите детергенти на сигурно
место, подалеку од досегот на децата.
• Децата треба да бидат подалеку од
машината за
миење садови кога вратата
е отворена.
Местење
• Проверете ја машината за миење садови
да не е оштетена при превозот. Не
поврзувајте оштетена машина. Ако
машината за миење садови е оштетена,
јавете се на продавачот.
• Сите материјали за пакување мора да се
отстранат пред употребата.
• Електричните и водоводните
приспособувања потребни за местење на
апаратот мора да ги изврши
квалификувано и компетентно
лице.
• Заради безбедносни причини, опасно е
да се менуваат спецификациите или да
се вршат обиди за какво било
видоизменување на производот.
• Не користете ја машината за миење
садови ако кабелот за струја и цревата за
вода се оштетени; или ако контролната
табла, работната површина или
подножјето се оштетени така што
внатрешноста на апаратот
е лесно
достапна. Контактирајте со својот
локален сервисен центар за да избегнете
опасности.
• Сите страници на машината за миење
садови не смеат да се дупчат, инаку може
да се оштетат хидрауличните и
електричните делови.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За електричното и водоводното поврзување
внимателно постапете според упатствата
дадени во одделните пасуси.
4