User manual

Копче за одложено почнување
Оваа функција овозможува почнувањето на
програмите да се одложи 3, 6 или 9 часа.
Одбројувањето е во чекори од 3 часa. Пред да
одберете програма за миење, притиснете го
копчето за вклучување/исклучување, па
притиснете го копчето одложено почнување
додека не се запали светлото за 3 (3h, 6 (6h) или 9
(9h) часа.
Притиснете го копчето за саканата програма,
одбројувањето ќе почне автоматски
по околу 3
секунди.
Кога ќе заврши одбројувањето, програмата за
миење ќе почне автоматски. Светлото за
одложено почнување ќе се изгасне.
Прекинување на вклученото одложено
почнување:
Притиснете го копчето одложено почнување
додека не се изгасне светлото за 3 (3h), 6 (6h) или
9 (9h) часа. Одбраната програма за миење ќе почне
автоматски.
ВАЖНО
Може да се одбере програма за миење и одложено почнување и со подотворена врата. Во тој случај,
програмата или одбројувањето ќе почнат по затворањето на вратата. Дотогаш може да се менуваат
направените поставки.
Показни светла
Миење
1)
Запалено е додека траат миењата и плакнењата.
Крај на програмата
Се пали кога ќе заврши програмата за миење. Има
и дополнителни функции за визуелно
сигнализирање:
за поставките на омекнувачот на вода,
за тревожење при неправилно функционирање
на машината.
Функција 3 во 1
Укажува на вклучувањето и исклучувањето на
"функцијата 3 во 1" (видете под "Функција 3 во 1").
7