User manual
На крајот од програмата на
рабовите или на вратата од
апаратот може да има вода.
РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
Ако апаратот не се вклучува или запира за
време на работа, пред да го контактирате
овластениот сервис, проверете дали можете
да го решите проблемот сами, со помош на
информациите дадени во табелата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Поправки
кои не се правилно направени
може да имаат сериозни
последици по безбедноста на
корисникот. Секоја поправка мора
да биде направена од
квалификуван кадар.
Кај некои проблеми показното светло за крај
трепка испрекинато за да укаже на дефект.
Поголемиот број проблеми кои може да се
појават може да се решат без да има
потреба од контакт со Овластениот
сервисен центар.
Проблем и шифра за тревога Можни причини и решение
Не можете да го вклучите апаратот. • Проверете дали приклучокот за струја е
вклучен во штекерот.
• Проверете дали има оштетен осигурувач во
таблата со осигурувачи.
Програмата не почнува да работи. • Проверете дали вратата на апаратот е
затворена.
• Притиснете .
• Доколку е поставено одложено почнување,
откажете ја поставката или почекајте да
заврши одбројувањето.
• Апаратот ја започнал процедурата за промена
на јони внатре во омекнувачот за вода.
Траењето на оваа процедура е околу 5 минути.
Машината не се полни со вода.
• Показното светло за крај на
програмата трепка еднаш со
прекин.
• Показното светло трепка
постојано.
• Проверете дали е отворена славината за вода.
• Проверете да не е многу низок притисокот во
доводот за вода. За овие информации, јавете
се во локалното претпријатие за водовод.
• Проверете дали е затната славината за вода.
• Внимавајте филтерот во доводното црево да
не е затнат.
• Проверете дали доводното црево е засукано
или свиткано.
15










