User manual
Проблем и шифра за тревога Можни причини и решение
Апаратот не ја испушта водата.
• Показното светло за крај на
програмата трепка двапати со
прекини.
• Показното светло трепка
постојано.
• Проверете дали е затнат одводниот сливник.
• Проверете да не е засукано или свиткано
одводното црево.
Вклучен е уредот против
поплавување.
• Показното светло за крај на
програмата трепка трипати со
прекини.
• Показното светло трепка
постојано.
• Затворете ја славината за вода и стапете во
контакт со Овластениот сервисен центар.
Апаратот запира и почнува да работи
повеќе пати за време на работењето.
• Тоа е нормално. Тоа обезбедува оптимални
резултати при чистењето и ја заштедува
енергијата.
Програмата трае многу долго. • Доколку е поставен одложен почеток, откажете
ја поставката или почекајте да заврши
одбројувањето.
Има мало протекување кај вратата на
апаратот.
• Апаратот не е нивелиран. Олабавете ги или
зацврстете ги прилагодливите ногалки (ако е
применливо).
• Вратата на апаратот не е центрирана на
коритото. Регулирајте ги задните ногарки (ако
е применливо).
Вратата на апаратот тешко се
затвора.
• Апаратот не е нивелиран. Олабавете ги или
зацврстете ги прилагодливите ногалки (ако е
применливо).
• Делови од кујнскиот прибор излегуваат од
корпите.
Ѕвечкави/удирачки звуци се слушаат
во внатрешноста на апаратот.
• Кујнскиот прибор не е соодветно поставен во
корпите. Видете во брошурата за полнење на
корпата.
• Проверете дали прскалките може да се движат
слободно.
Апаратот предизвикува пад на ФИД
склопката.
• Јачината на електрична енергија не е доволна
за да биде истовремено доставена до сите
апарати кои работат. Проверете ја јачината на
штекерот и капацитетот на бројачот или
исклучете еден од апаратите кои работат.
• Внатрешна грешка во електриката на
апаратот. Контактирајте со овластен сервис.
16










