User manual

ПОМОШ И СОВЕТИ
ОПШТО
Следните совети овозможуваат оптимални
резулатите при чистењето и сушењето во
секојдневната употреба и исто така помагаат
при заштита на околината.
Фрлете ги поголемите остатоци на храна
од садовите во канта за отпадоци.
Не плакнете ги садовите рачно. Кога е
потребно, одберете програма со фаза за
предперење.
Секогаш користете го целиот простор од
корпите.
Проверете дали садовите во корпите се
допираат или се покриваат едни со други.
Самол тогаш водата може целосно да
стигне и да ги измие садовите.
Можете да користите детергент за машина
за миење садови, средство за плакнење и
сол посебно или можете да користите
мулти-таблети ( на пр. „Се во 1“). Следете
ги упатствата на пакувањето.
Одберете програма според видот на
полнењето и степенот на извалканост.
нуди најефикасна употреба на
потрошувачка на вода и енергија.
ОМЕКНУВАЧ ЗА ВОДА
Омекнувачот за вода ги вади минералите од
доводот на вода, што има штетни ефекти врз
резултатите од миењето и врз апаратот.
Колку е поголема содржината на овие
минерали, толку е потврда вашата вода.
Тврдоста на водата се мери со еквивалентни
скали.
Омекнувачот за вода треба да се регулира
според тврдостa на водата во вашето
подрачје. Вашето локално водостопанство
може да ви каже колкава е тврдоста на водата
во вашето подрачје. Важно е да го подесете
вистинското ниво на омекнувач за вода за да
обезбедите добри резултати во миењето.
УПОТРЕБА НА СОЛ, СРЕДСТВО ЗА
ПЛАКНЕЊЕ И ДЕТЕРГЕНТ
Користете само сол, средство за плакнење
и детергент за машини за миење садови.
Други производи може да предизвикаат
оштетување на апаратот.
Сепак, во области каде има тврда и многу
тврда вода, препорачуваме засебно да се
користат само детергент (во прав, гел,
таблети со дополнителни функции),
средство за плакнење и сол за оптимално
чистење и сушење.
Барем еднаш месечно пуштете го апаратот
да работи со употреба на чистач за апаати
кој е специјално намене за таа цел.
Таблетите со детергент не се раствораат
целосно со кратките програми. За да
спречите појава на талог на садовите, ви
препорачуваме да ги користите таблетите
со долги програми.
Не ставајте повеќе детергент од
препорачаното количество. Погледнете го
упатството на пакувањето на детергентот.
ШТО ДА НАПРАВИТЕ АКО САКАТЕ ДА
ПРЕСТАНЕТЕ ДА КОРИСТИТЕ МУЛТИ-
ТАБЛЕТИ
Пред да започнете засебно да користите
детергент, сол и средство за плакнење
направете ја следната процедура.
1. Поставете го највисокото ниво на
омекнувачот на вода.
2. Проверете дали садот за сол и дозерот за
средство за плакнење се полни.
3. Стартувајте ја најкратката програма со
фазата за плакнење. Не додавајте
детергент и не полнете ги корпите.
4. Кога ќе заврши програмата, нагодете го
омекнувачот на вода според тврдоста на
водата во Вашата област.
5. Приспособете го испуштеното количество
средство за плакнење.
ПОЛНЕЊЕ НА КОРПИТЕ
Користете го апаратот за да миете садови
кои се сигурни за машина за миење на
садови.
Не ставајте во апаратот предмети кои се
направени од дрво, габрово дрво,
алуминиум, калај и бакар.
Не ставајте во апаратот предмети што
впиваат вода (сунѓери, домашни алишта).
Отстранете ја преостанатата храна од
предметите.
Омекнете ја преостанатата загорена храна
на предметите.
Ставете ги шупливите предмети (шолји,
чаши и тави) со отворот надолу.
Погрижете се приборот за јадење и
садовите да не се допираат. Измешајте ги
лажиците со другите садови.
Внимавајте чашите да не допираат други
чаши.
11