User manual

Надворешно чистење
Чистете ги надворешните површини на
машината и на контролната табла со влажна
мека крпа. Доколку е потребно, користете
само неутрални детергенти. Никогаш не
употребувајте абразивни производи, шица
за стружење или растворувач (ацетон,
трихлоретилен итн....).
Внатрешно чистење
Секако редовно чистете ги заптивките околу
вратата, дозаторот за детергент и за
средството за плакнење, со влажна крпа.
Препорачуваме на секои 3 месеци да ја
пуштите програмата за миење за многу
валкани садови, користејќи детергент, но
без садови.
Продолжени периоди на
неработење
Доколку нема да ја користите машината
подолг период, Ви советуваме да:
1. го извлечете утикачот од уредот и да ја
затворите водата.
2. ја оставите вратата подотвореназа да
спречите создавање на непријатни
миризби.
3. ја оставите внатрешноста на машината
чиста.
Мерки на предострожност
против мраз
Избегнувајте да ја поставувате машината на
места, каде што температурата е под 0°C.
Доколку тоа не може да се избегне,
испразнете ја машината, затворете ја
вратата од уредот, откачете ја доводната
цевка и испразнете ја.
Преместување на машината
Доколку треба да ја преместувате машината
(селидба итн....):
1. извлечете го утикачот.
2. затворете ја славината за вода.
3. отстранете ги доводните и одводните
црева.
4. извлечете ја машината заедно со
цревата.
Избегнувајте навалување на машината за
време на пренесувањето.
Во интерес на животната средина
Амбалажа
Материјалите од амбалажата се еколошки
подносливи и можат да се рециклираат.
Пластичните компоненти се
идентификуваат по ознаки, на пр., >PE<,
>PS<, итн. Отстранувајте ги материјалите
од амбалажата во соодветниот контејнер,
во комуналните објекти за отстранување на
отпад.
18