User manual

податоци, одговараат на напојувањето на
местото на монтажа на уредот.
Номиналното осигурување исто така ќе го
видите на плочката со податоци.
Секогаш вметнувајте го утикачот во
исправно монтирана шуко-приклучница.
Повеќенасочни утикачи, конектори и кабли
за продолжување не смеат да се користат.
Тоа може да претставува опасност од пожар
поради прегревање.
Доколку е
потребно, замнете ја
приклучницата од домашната мрежа. Во
случај кога електричниот кабел мора да се
замени, обратете се во Вашиот локален
сервисен центар.
Утикачот мора да е пристапен откако ќе се
монтира уредот.
Никогаш не исклучувајте го уредот влечејќи
го кабелот. Секогаш влечете го утикачот.
Производителот не презема никаква
одговорност при непочитување на
горенаведените безбедносни
мерки.
Монтажа под работна
површина
Со отстранување на нејзината горна плоча,
машината за миење садови можете да ја
монтирате под тесен мијалник или под веќе
постоечка работна површина.
Уверете се дека по монтажата уредот е
лесно достапен за сервисниот инженер, во
случај да е потребна поправка.
Нивелирање
Доброто нивелирање е од суштинско значење за
правилно затворање и заптивање на вратата.
Кога уредот е правилно нивелиран, вратата нема
да зафаќа на нити една страна од кабинетот.
26