User manual
Безбедносни упатства
Во интерес на Вашата безедност, а и за да
обезбедите правилно користење, пред
инсталирањето и пред првото пуштање на
уредот во работа, внимателно прочитајте го
овој прирачник, вклучувајќи ги неговите
совети и предупредувања. За да избегнете
непотребни грешки и незгоди, важно е да се
урерите дека сите луѓе што го користат
уредот се темелно запознаени
со неговите
работни и безбедносни карактеристики.
Сочувајте ги овие упатства и уверете се
дека ќе останат со уредот доколку тој биде
преместен или продаден, така што секој што
ќе го користи во неговиот работен век, ќе
биде прописно информиран за користењето
и безбедноста на уредот.
Правилно користење
• Оваа машина за миење садови е
наменета само за миење на домашен
прибор, погоден за миење во машина.
• Не ставајте никакви растворувачи во
машината за миење садови. Тоа може да
предизвика експлозија.
• Ножевите и другите предмети со остри
врвови мора да се редат во корпата за
прибор за јадење, со врвовите завртени
надолу
или поставени во хоризонтална
положба, во горната корпа.
• Користете само производи (средство за
чистење, сол и средство за плакнење) кои
се погодни за машина за миење садови.
• Избегнувајте отворање на вратата
додека уредот работи, може да дојде до
излегување на жешка пареа.
• Не вадете садови од машината за миење
садови пред завршување
на циклусот на
машината за миење садови.
• По користење, осклучете го уредот од
напојувањето со струја и затворете го
снабдувањето со вода.
• Овој производ треба да го серисира само
авторизиран сервисен инженер, и треба
да се користат само оригинални резервни
делови.
• Во никој случај не треба да се обидувате
самите да ја
поправате машината.
Поправките озведени од страна на
неискусен материјал ќе предизвикаат
повреда или сериозни грешки во
работењето. Обратете се во локалниот
сервисен центар. Секогаш инсистирајте
на оригинални резервни делови.
Општа безбедност
• Детегентите за машина за миење садови
може да предизвикааат изгореници на
очите, устата и грлото. Може да го
доведат животот во опасност!
Придржувајте се кон безбедносните
упатства на производителот на
детегентот за машина за миење садови.
• Водата во Вашата машина за миење
садови не е за пиење. Во машината си
уште може да
има остатоци од
детегентот.
• Уверете се дека вратата од машината за
миење садови е секогаш затворена кога
не се полни или празни. На тој начин ќе
избегнете некој да се сопне од
отворената врата и да се повреди.
3