User manual
Користење на детергент
Користете само детергенти (во прав,
течни или во таблети), кои се
наменети за машина за миење садови.
Почитувајте ги податоците на
амбалажата:
• дозирањето, кое го препорачува
производителот.
• препораки за чување.
Не ставајте повеќе детергент од
препорачаното. Со тоа ќе помогнете
во спречување на загадувањето.
1 2
3
Наполнете го
дозерот за
детергент ( A) со
детергент.
4
Ако користите
програма за миење
садови со
предмиење,
ставете повеќе
детергент во
преградата за
детергент за
предмиење ( B).
5
6
Различни марки детергенти се
раствораат за различно време. Некои
таблети детергент не даваат најдобри
резултати за време на кратките програми
за миење. Користете долги програми за
миење кога користите таблети детергент
за целосно отстранување на детергентот.
Употреба на комбиниран детергент
во таблети
Овие таблети содржат средства како
детергент, средство за плакнење и сол за
машина за садови. Некои видови таблети
може да содржат и други средства.
Кога користите таблети кои содржат
специјална сол и средство за плакнење,
не треба да ги полните садовите за сол и
за средство за плакнење. Во тој случај,
контролната сијалица за средство за
плакнење останува запалена кога ќе го
вклучите апаратот.
1. Проверете дали овие таблети
одговараат за тврдоста на локалната
вода. Погледнете ги упатствата на
производителот.
2. Одберете го најниското нагодување за
тврдостa на водата и за дозирање на
средството за плакнење.
Постапете вака, кога резултатите од
сушењето не се задоволувачки:
1. наполнете дозерот со средството за
плакнење.
2. нагодите дозирањето на средство за
плакнење на положба 2.
12