User manual
Ако сакате повторно да употребувате
нормална сол
1. Наполнете ги садот за сол и дозерот за
средството за плакнење.
2. Регулирајте го нагодувањето на
тврдоста на водата на највисоко ниво.
3. Пуштете програма за миење без
садови.
4. Регулирајте го омекнувачот според
тврдоста на водата во вашето
подрачје.
5. Регулирајте го дозирањето на
средството за плакнење.
Бирање и стартување на програма за миење
Поставете ја програмата за миење со
подотворена врата. Поставената
програма почнува само откако ќе ја
затворите вратата. Дотогаш може да се
менуваат поставките.
Направете го следново за да поставите и
почнете програма за миење садови.
1. Вклучете го апаратот.
2. Проверете дали апаратот е во
режимот за поставување.
3. Притискајте го копчето за одбирање/
прекинување програми повеќепати за
да поставите програма за миење.
Видете во поглавјето "Програми за
миење садови".
– Се пали показното светло на
програмата.
4. Затворете ја вратата.
– Програмата почнува автоматски.
Кога работи програма за миење
садови, не може да ја смените.
Откажете ја програмата за миење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прекинете или
откажете програма за миење само
ако е неопходно.
ВНИМАНИЕ Отворајте ја вратата
внимателно. Може да избие жешка
пареа.
Откажување програма за миење
садови
1. Држете го притиснато копчето за
одбирање/прекинување програми
околу 3 секунди.
– Програмското показно светло се
гаси.
– Почнува да трепка показното светло
за крај.
2. Отпуштете го копчето за одбирање/
прекинување програми за да ја
откажете програмата за миење.
Сега може да го направите следново:
1. Исклучете го апаратот.
2. Поставете нова програма за миење
садови.
Наполнете го дозерот за детергент пред
да поставите нова програма за миење.
Прекинување програма за миење
Отворете ја вратата.
• Програмата запира.
Затворете ја вратата.
• Програмата продолжува од точката,
каде што била прекината.
Завршување програма за миење
Исклучете го апаратот при следново:
• Апаратот запира автоматски.
• Се огласуваат звучните сигнали за крај
на програма.
1. Отворете ја вратата.
– Показното светло за крај се пали.
– Програмското показното светло
останува запалено.
2. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување.
3. За подобри резултати на сушењето,
држете ја вратата подотворена
неколку минути пред да ги извадите
садовите.
13