User manual
Оставете ги садовите да се изладат пред
да ги извадите од апаратот. Жешките
садови лесно се оштетуваат.
Вадење на садовите
• Првин извадете ги предметите од
долната корпа, а потоа од горната.
• Може да има вода од страните и на
вратата на апаратот. Не'рѓосувачкиот
челик се лади побрзо од садовите.
Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Пред да
чистите кој било негов дел, ставете го
уредот во положба OFF (исклучено).
Чистење на филтрите
ВАЖНО Не користете го апаратот без
филтрите. Внимавајте филтрите да се
правилно наместени. Неправилната
наместеност ќе предизвика послабо
миење и може да го оштети апаратот.
1
2
Темелно исчистете
ги филтрите A, B и
C под чешма.
3
За да ги извадите
филтрите B и C,
свртете ја рачката
околу 1/4 налево.
4
Извадете го
плоснатиот
филтер A од
долниот дел на
апаратот.
5
Ставете го
системот за
филтрирање на
место. За да го
забравите
системот за
филтрирање,
свртете ја рачката
надесно додека не
се закочи.
ВАЖНО Не вадете ги прскалките.
Ако дупките на прскалките се затнат,
исчистете ја нечистотијата со дрвено
стапче.
Чистење однадвор
Чистете ги надворешните површини на
машината и на контролната табла со
влажна мека крпа. Користете само
неутрални детергенти. Не употребувајте
абразивни производи, жица за стружење
или растворувач (ацетон, трихлоретилен
итн....).
14