User manual
стегајте ги ногарките додека машината не
се изнивелира.
Поврзување на водата
Доводно црево
Приклучете го апаратот со довод на топла
(макс. 60°) или студена вода.
Ако топлата вода доаѓа од алтернативни
извори на енергија што се поеколошки (на
пр. соларни или фотоволтни плочи и
ветерници), користете топла вода за да ја
намалите потрошувачката на енергија.
Поврзете го доводното црево со славина
со надворешен навој од 3/4 цола.
ВНИМАНИЕ Не користете црева за
поврзување од стар апарат.
Притисокот на водата мора да биде во
рамките на ограничувањата (видете во
"Технички податоци"). Дознајте го
просечниот притисок на водоводната
инсталација во вашето подрачје од
локалното водостопанство.
Внимавајте доводното црево да не е
свиткано и да не е смачкано или
заплеткано.
Свртете го доводното црево налево или
надесно да одговара на инсталацијата со
контраматица. Наместете ја
контраматицата правилно за да се
избегне протекување на водата.
ВНИМАНИЕ Не поврзувајте го
апаратот со нови или со цевки што
долго не се користеле. Оставете водата
да тече неколку минути, па потоа
поврзете го доводното црево.
Доводно црево со безбедносен
вентил
Доводното црево е со двојна обвивка и
има внатрешен кабел за струја и
безбедносен вентил. Доводното црево е
под притисок само додека тече вода. Ако
доводното црево протекува,
безбедносниот вентил ја сопира водата
што тече.
ПРЕДУПРЕДУВА
ЊЕ Опасен напон
Внимавајте кога го поврзувате доводното
црево:
• Не ставајте ги доводното црево и
безбедносниот вентил во вода.
• Доколку доводното црево или
безбедносниот вентил се оштетени,
веднаш извадете го приклучникот од
штекерот за струја.
• Доводното црево со безбедносен
вентил може да го заменува само
сервисен центар.
Одводно црево
1
Поврзете го
одводното црево
со одвод за вода.
max 85 cm
min 40 cm
max 400 cm
2
18