User manual
• Деактивирање/активирање на звучните
сигнали. Видете во поглавјето "Звучни
сигнали".
• Откажување на тековната програма за
миење. Видете во поглавјето
"Поставување и почнување програм а за
миење садови".
Режим за поставување
Апаратот е во режим за поставување кога
сите програмски показни светла се
изгаснати и показното светло за крај
трепка.
Апаратот мора да биде во режимот за
поставување за овие работи:
– Поставување програма за миење
садови.
– Поставување на омекнувачот на вода.
– Деактивирање/активирање на звучните
сигнали.
Ако некое програмско показно светло
свети, откажете ја програмата за да се
вратите во режимот за поставување.
Видете во поглавјето "Поставување и
почнување програма за миење садови".
Програмски показни светла A и B
Освен одбирањето соодветна програма
за миење; овие светла имаат помошни
функции:
• Прилагодување на нивото на
омекнувачот на вода.
• Деактивирање/активирање на звучните
сигнали.
Звучни сигнали
Звучен сигнал се слуша:
• Кога ќе заврши програма за миење
садови.
• Кога се јавил дефект на апаратот.
Активирањето на звучните сигнали е
поставено фабрички.
Направете го следново за да ги исклучите
звучните сигнали:
1. Вклучете го апаратот.
2. Проверете дали апаратот е во
режимот за поставување.
3. Држете го притиснато копчето за
одбирање/прекинување програма
додека програмското показно светло А
не почне да трепка, а програмското
показно светло В не се запали.
4. Повторно притиснете го копчето за
одбирање/прекинување програми.
– Програмското показно светло А се
пали.
– Програмското показно светло В
почнува да трепка.
5. Почекајте додека програмското
показно светло А не се изгасне.
– Програмското показно светло В
продолжува да трепка.
– Показното светло за крај се пали.
Звучните сигнали се активирани.
6. Повторно притиснете го копчето за
одбирање/прекинување програми.
– Показното светло за крај се гаси.
Звучните сигнали се деактивирани.
7. За да ја меморирате поставката,
исклучете го апаратот.
Направете го следново за да ги вклучите
звучните сигнали:
1. Извршете ја горната постапка додека
не се запали показното светло за крај.
5