User manual
Содржина
Инструкции за безбедност _ _ _ _ _ _ _ 40
Опис на производот _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 42
Контролна табла _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 42
Програми _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 43
Опции _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 43
Пред првата употреба _ _ _ _ _ _ _ _ _ 44
Секојдневна употреба _ _ _ _ _ _ _ _ _ 47
Помош и совети _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 48
Нега и чистење _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 49
Решавање на проблеми _ _ _ _ _ _ _ _ 50
Технички информации _ _ _ _ _ _ _ _ _ 52
Еколошки прашања _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ 52
Можноста за промени е задржана.
Инструкции за безбедност
Пред монтажата и употребата на овој
апарат, внимателно прочитајте ги
доставените упатства. Производителот не
е одговорен ако неправилната монтажа и
употреба предизвикаат повреди и
оштетувања. Секогаш чувајте го
упатството со апаратот за идна употреба.
Безбедност на деца и ранливи лица
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Ризик од
задушување, повреда или траен
инвалидитет.
• Не дозволувајте им на лица,
вклучително и
деца, со намалени
физички сетила, намалени ментални
функции или недостаток на искуство и
знаење, да го користат апаратот. Тие
мора да бидат под надзор или да
добиваат упатства за ракување со
апаратот од лице кое е одговорно за
нивната безбедност.
• Деца не смеат да играат со апаратот.
• Чувајте го пакувањето настрана од
дофат
на деца.
• Чувајте ги сите детергенти настрана од
дофат на деца.
• Чувајте ги децата и домашните
миленичиња настрана од вратата на
апаратот кога е отворена.
Монтажа
• Извадете ја целата амбалажа.
• Немојте да монтирате ниту да користите
оштетен апарат.
• Немојте да го монтирате ниту да го
користите апаратот во околина каде
температурата е под 0°C.
• Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
• Проверете дали апаратот е монтиран
под или во близина на безбедна
структура.
Поврзување со струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Ризик од пожар
и струен удар.
• Апаратот мора да биде заземјен.
• Проверете
дали информациите за
напојување со струја на плочката со
спецификации се совпаѓаат со
напојувањето со струја. Доколку не се
совпаѓаат, контактирајте со електричар.
• Секогаш користете правилно монтиран
штекер отпорен на струјни удари.
• Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
• Погрижете се да не предизвикате штета
на приклучокот и кабелот за
струја.
Доколку кабелот за струја на апаратот
треба да се замени, тоа мора да го
направи нашиот сервисен центар.
• Поврзете го приклучникот за струја со
штекерот дури на крајот на
монтирањето. Проверете дали штекерот
за струја е пристапен по монтирањето.
• Не повлекувајте го кабелот за струја за
да го исклучите апаратот. Секогаш
повлекувајте
го приклучникот.
40
www.zanussi.com