User manual
• Сите останати програмски
показатели се гасат.
4. Затворете ја вратата на апаратот.
Програмата започнува.
Започнување програма со одложен
почеток
1. Поставете ја програмата.
2. Притискајте го копчето за одложување
повеќе пати, се додека показното не се
вклучи светло за бројот на часови што
го барате. Можете да поставите 3, 6
или 9 часа.
• Се пали показното светло
за
одложен почеток.
3. Затворете ја вратата на апаратот.
Одбројувањето започнува. Кога ќе
заврши одбројувањето, програмата
стартува.
Отворање на вратата додека апаратот
работи
Ако ја отворите вратата, апаратот запира.
Кога ќе ја затворите вратата, апаратот
продолжува од точката на прекинот.
Откажување на одложено почнување
Притиснете ги и задржете ги функциските
копчиња (B) и (C) истовремено,
се додека
не се исклучи показното светло за
одложување и не се вклучат сите
програмски показатели.
Кога ќе откажете одложен почеток,
апаратот се враќа во режим на
поставување. Морате повторно да ја
поставите програмата.
Откажување на програмата
Држете ги притиснати функциските
копчиња (B) и (C) истовремено, се додека
не се вклучат сите програмски показатели.
Проверете дали има детергент во
дозерот за детергент пред да
започнете нова програма.
На крај од програмата
Коге ќе заврши програмата, се огласува
нерамномерен звучен сигнал и се
вклучува показателот за крај на
програмата.
1. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за да го исклучите
апаратот.
2. Затворете ја славината за вода.
• Оставете ги садовите да се изладат
пред да ги извадите од апаратот.
Жешките садови лесно се
оштетуваат.
• Прво испразнете ја долната корпа, а
потоа горната.
• Може да има вода
на страните и на
вратата на апаратот.
Не’рѓосувачкиот челик се лади
побрзо од садовите.
Помош и совети
Омекнувач за вода
Тврдата вода содржи голема количина на
минерали кои може да го оштетат
апаратот и да дадат лоши резултати во
перењето. Омекнувачот за вода ги
неутрализира овие минерали.
Солта за машината за миење садови го
оддржува омекнувачот за вода чист и во
добра состојба. Важно е да го подесете
вистинското ниво на омекнувач
за вода.
На тој начин ќе бидете сигурни дека
омекнувачот за вода ја користи точната
количина на сол за машини за миење
садови и вода.
Употреба на сол, стредство за
плакнење и детергент
• Користете само сол, средство за
плакнење и детергент за машина за
миење на садови. Други производи
може да предизвикаат оштетување на
апаратот.
48
www.zanussi.com