User manual

БЕЗБЕДНОСТ НА ДЕЦА И РАНЛИВИ ЛИЦА
Овој апарат можат да го користат деца над 8 години и
лица со намалени физички, сетилни или ментални
способности или лица без искуство и знаење доколку тоа
го прават под надзор или им биле дадени упатства како
безбедно да го употребуваат апаратот и ги разбираат
опасностите поврзани со него.
Не дозволувајте им на децата да играат со апаратот.
Чувајте ги сите детергенти настрана од дофат на деца.
Чувајте ги децата и домашните миленичиња настрана од
вратата на апаратот кога е отворена.
Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не
треба да го прават деца без надзор.
ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
МОНТАЖА
Извадете ја целата амбалажа
Немојте да монтирате ниту да користите
оштетен апарат.
Немојте да го монтирате ниту да го
користите апаратот во околина каде
температурата е под 0°C.
Придржувајте се до упатството за монтажа
приложено со апаратот.
Проверете дали апаратот е монтиран под
или во близина на безбедна структура.
ПОВРЗУВАЊЕ НА СТРУЈА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Ризик од
пожар и струен удар.
Апаратот мора да биде заземјен.
Проверете дали информацијата за
напојување со струја на плочката со
спецификации се совпаѓа со напојувањето
со струја. Доколку не се совпаѓа,
контактирајте со електричар.
Секогаш користете правилно монтиран
штекер отпорен на струјни удари.
Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
Погрижете се да не ги оштетите
приклучокот за струја и кабелот. Доколку
кабелот за струја на апаратот треба да се
замени, тоа мора да го направи Вашиот
овластен Сервис.
Поврзете го приклучокот за струја со
штекерот на крајот од монтажата.
Проверете дали приклучокот за струја е
пристапен по монтирањето.
Не повлекувајте го кабелот за струја за да
го исклучите апаратот. Секогаш
повлекувајте го приклучокот.
Апаратот ги исполнува барањата
предвидени со Директивите на ЕЕЗ.
Само за Велика Британија и Ирска.
Апаратот има штекер за струја со јачина на
струја од 13 ампери. Ако е потребно да го
смените осигурувачот во штекерот за
струја, користете осигурувач од 13 ампери
ASTA (BS 1362).
ПОВРЗУВАЊЕ НА ВОДАТА
Потрудете се да не ги оштетите цревата за
вода.
Пред да го поврзете апаратот со нови
цевки или цевки што не биле користени
подолго време, оставете водата да тече
додека не започне да тече чиста вода.
Кога за прв пат го користите апаратот,
проверете дали од некаде протекува.
37