User manual

Откажување на одложениот почеток
додека работи одбројувањето
Кога ќе го откажете одложениот почеток,
морате одново да ги поставите програмата и
опциите.
Притиснете и задржете ги истовремено
и
се додека апаратот не е во режим за
одбирање на програма.
Откажување на програма
Притиснете и задржете ги истовремено и
се додека апаратот не е во режим за
одбирање на програма.
Проверете дали има детергент во дозерот за
детергент пред да вклучите нова програма.
Крај на програмата
Кога ќе заврши програмата, се пали . Ако
не го исклучите апаратот за 5 минути сите
показани светла се исклучуваат. Тоа помага
да се намали потрошувачката на енергија.
1. За да го деактивирате апаратот
притиснете го копчето за вклучување/
исклучување или чекајте функцијатаAUTO
OFF автоматски да го деактивира
апаратот.
2. Затворете ја славината за вода.
ПОМОШ И СОВЕТИ
УПОТРЕБА НА СОЛ, СРЕДСТВО ЗА
ПЛАКНЕЊЕ И ДЕТЕРГЕНТ
Користете само сол, средство за плакнење
и детергент за машини за миење садови.
Други производи може да предизвикаат
оштетување на апаратот.
Таблетите со детергент не се раствораат
целосно со кратките програми. За да
спречите појава на талог на садовите, ви
препорачуваме да ги користите таблетите
со долги програми.
Не ставајте повеќе детергент од
препорачаното количество. Погледнете го
упатството на производителот на
детергентот.
ШТО ДА НАПРАВИТЕ АКО САКАТЕ ДА
ПРЕСТАНЕТЕ ДА КОРИСТИТЕ МУЛТИ-
ТАБЛЕТИ
Пред да започнете засебно да користите
детергент, сол и средство за плакнење
направете ја следната процедура.
1. Поставете го највисокото ниво на
омекнувачот на вода.
2. Проверете дали садот за сол и дозерот за
средство за плакнење се полни.
3. Стартувајте ја најкратката програма со
фазата за плакнење. Не додавајте
детергент и не полнете ги корпите.
4. Кога ќе заврши програмата, нагодете го
омекнувачот на вода според тврдоста на
водата во Вашата област.
5. Приспособете го испуштеното количество
средство за плакнење.
ПОЛНЕЊЕ НА КОРПИТЕ
Користете го апаратот за да миете садови
кои се сигурни за машина за миење на
садови.
Не ставајте во апаратот предмети кои се
направени од дрво, габрово дрво,
алуминиум, калај и бакар.
Не ставајте во апаратот предмети што
впиваат вода (сунѓери, домашни алишта).
Отстранете ја преостанатата храна од
предметите.
Омекнете ја преостанатата загорена храна
на предметите.
Ставете ги шупливите предмети (шолји,
чаши и тави) со отворот надолу.
Погрижете се приборот за јадење и
садовите да не се допираат. Измешајте ги
лажиците со другите садови.
Внимавајте чашите да не допираат други
чаши.
Ставете ги малите предмети во корпата за
прибор за јадење.
Ставете ги лесните предмети во горната
корпа. Погрижете се предметите да не се
движат.
Проверете дали прскалката може да се
движи слободно пред да почнете програма.
ПРЕД ЗАПОЧНУВАЊЕ ПРОГРАМА
Погрижете се:
Филтрите да се чисти и правилно
монтирани.
Капакот на садот за сол да е цврсто
затворен.
Прскалките да не се затнати.
Да има сол за машини за миење садови и
средство за плакнење (освен ако не
44