Operation Manual

C
Внимавајте да нема остатоци од храна или дамки во или околу краевите на коритото.
Вратете го на своето место рамниот филтер (C). Осигурете се дека е правилно поставен под
2 водилки.
Повторно склопете ги филтрите (A) и (B).
Вратете го назад филтерот (A) во рамниот филтер (C). Вртете го надесно се додека не се
затвори.
Неправилната положба на филтрите може да предизвика лоши резултати при
миењето и може да го оштети апаратот
ЧИСТЕЊЕ НА ПРСКАЛКИТЕ
Не вадете ги прскалките. Ако дупките на
прскалките се затнат, исчистете ја
нечистотијата со тенок шилест предмет.
НАДВОРЕШНО ЧИСТЕЊЕ
Чистете го апаратот со мека, влажна крпа.
Користете само неутрални детергенти.
Не користете абразивни средства, сунѓери
со жица или растворувачи.
ЧИСТЕЊЕ НА ВНАТРЕШНОСТА
Внимателно исчистете го апаратот,
вклучувајќи ги и гумениот дихтунг на
вратата, со мека влажна крпа.
Ако редовно користите кратки програми,
тие можат да остават остатоци од
маснотии и бигор во внатрешноста на
апаратот. За да го спречите тоа, ви
препорачуваме да користите долги
програми барем 2 пати месечно.
РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
Ако апаратот не стартува или запира за време
на работа, пред да го контактирате
овластениот Сервис, проверете дали можете
да го решите сами проблемот со помош на
информациите дадени во табелата.
Кај некои проблеми показателот за крај трепка
испрекинато за да укаже на дефект.
Проблем и шифра за аларм Можно решение
Не можете да го вклучите апаратот. Проверете дали приклучокот за струја е
вклучен во штекерот.
Проверете дали има оштетен осигурувач во
таблата со осигурувачи.
57