User manual

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасен
напон.
Доводното црево има надворешена
транспарентна обвивка. Ако цревото е
оштетено, водата во цревото потемнува.
Доколку доводното црево е оштетено,
веднаш извадете го приклучникот од
штекерот за струја. Јавете се во
овластениот Сервис за да го заменат
доводното црево.
УПОТРЕБА
Немојте да седите или да стоите на
отворената врата.
Детергентите за машината за миење
садови се опасни. Следете ги
безбедносните упатства дадени на
пакувањето на детергентот.
Немојте да ја пиете или да си играте со
водата од апаратот.
Не вадете ги садовите од апаратот додека
не заврши програмата за миење садови.
Може да има детергент на садовите.
Апаратот може да ослободи жешка пареа
доколку ја отворите вратата додека
функционира некоја програма.
Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи средства
во, блиску до, или на апаратот.
СЕРВИСИРАЊЕ
Контактирајте со овластениот Сервис за
поправка на апаратот. Ви препорачуваме
да користите само оригинални делови.
Кога ќе се јавите во овластениот Сервис,
погрижете се да ги имате со Вас
информациите што се наведени на
плочката со спецификации.
Модел :
Број на производот (PNC) :
Сериски број :
РАСХОДУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ризик од
повреда или задушување.
Исклучете го апаратот од приклучокот за
струја.
Отсечете го кабелот за струја и фрлете го.
Извадете ја рачката на вратата за да
спречите затворање на деца и
миленичиња во апаратот.
48