User manual
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Опасност од
пожар или експлозија.
• При загревање, маснотиите и маслото
можат да испуштаат запаливи пареи.
Држете го огнот или загреаните
предмети подалеку од маснотиите и
маслата кога готвите со нив.
• Пареата што ја испушта маслото коешто
е многу жешко може да предизвика
спонтано запалување.
• Искористеното масло, што може да
содржи остатоци од
храна, може да
предизвика пожар на пониска
температура од маслото што се користи
за прв пат.
• Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи
средства во, блиску до, или на апаратот.
• Не обидувајте се да го изгаснете огнот
со вода. Исклучете го апаратот и
покријте го огнот со капак или со ќебе
за
пожар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Опасност од
оштетување на апаратот.
• Не чувајте жешки садови за готвење на
контролната табла.
• Не оставајте ги садовите за готвење да
вријат на суво.
• Внимавајте предметите или садовите за
готвење да не паднат на апаратот. Може
да се оштети површината.
• Не вклучувајте ги ринглите со празни
садови за готвење
или без садови за
готвење.
• Не ставајте алуминиумска фолија на
апаратот.
• Приборот за готвење направен од лиено
железо, алуминиум или со оштетено дно
може да предизвика гребнатини на
стакло-керамиката. Секогаш кревајте ги
овие предмети кога треба да ги
преместувате на површината за
готвење.
Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Опасност од
оштетување на апаратот.
• Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на материјалот на
површината.
• Не користете вода во спреј или пареа за
чистење на уредот.
• Исчистете го апаратот со навлежнета
мека крпа. Користете само неутрални
детергенти. Не користете абразивни
средства, сунѓери со жица,
растворувачи или метални предмети.
Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Ризик од
повреда или задушување.
• Контактирајте со општинската власт за
да добиете
информации за правилно
расходување на апаратот.
• Исклучете го апаратот од струја.
• Отсечете го кабелот за струја и фрлете
го.
35
www.zanussi.com