User manual

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Опасност од
пожар или експлозија.
При загревање, маснотиите и маслото
можат да испуштаат запаливи пареи.
Држете го огнот или загреаните
предмети подалеку од маснотиите и
маслата кога готвите со нив.
Пареата што ја испушта маслото коешто
е многу жешко може да предизвика
спонтано запалување.
Искористеното масло, што може да
содржи остатоци од
храна, може да
предизвика пожар на пониска
температура од маслото што се користи
за прв пат.
Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи
средства во, блиску до, или на апаратот.
Не обидувајте се да го изгаснете огнот
со вода. Исклучете го апаратот и
покријте го огнот со капак или со ќебе
за
пожар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Опасност од
оштетување на апаратот.
Не чувајте жешки садови за готвење на
контролната табла.
Не оставајте ги садовите за готвење да
вријат на суво.
Внимавајте предметите или садовите за
готвење да не паднат на апаратот. Може
да се оштети површината.
Не вклучувајте ги ринглите со празни
садови за готвење
или без садови за
готвење.
Не ставајте алуминиумска фолија на
апаратот.
Приборот за готвење направен од лиено
железо, алуминиум или со оштетено дно
може да предизвика гребнатини на
стакло-керамиката. Секогаш кревајте ги
овие предмети кога треба да ги
преместувате на површината за
готвење.
Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Опасност од
оштетување на апаратот.
Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на материјалот на
површината.
Не користете вода во спреј или пареа за
чистење на уредот.
Исчистете го апаратот со навлежнета
мека крпа. Користете само неутрални
детергенти. Не користете абразивни
средства, сунѓери со жица,
растворувачи или метални предмети.
Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Ризик од
повреда или задушување.
Контактирајте со општинската власт за
да добиете
информации за правилно
расходување на апаратот.
Исклучете го апаратот од струја.
Отсечете го кабелот за струја и фрлете
го.
21
www.zanussi.com